Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 8:1-6

2 Царевите 8:1-6 MK2006

И ѝ рече Елисеј на жената, чиј син го беше оживеал: „Стани и оди, ти и твоето семејство и насели се таму, каде што можеш да поживееш, зашто Господ повика глад, и тој ќе трае во оваа земја седум години.“ Стана таа жена, и постапи според зборот на Божјиот човек: отиде таа и нејзиното семејство, и живееше во филистејската земја седум години. Откако изминаа седум години, се врати таа жена од филистејската земја и дојде да го моли царот за куќата своја и нивата своја. Царот тогаш разговараше со Гиезиј, слугата на Божјиот човек, и му рече: „Раскажи ми ги сите големи дела што ги извршил Елисеј.“ А во тоа време, кога тој му раска­жуваше на царот дека Елисеј оживеал еден умрен, – жената, чиј син беше ожи­веан, го молеше царот за куќата своја, и нивата своја. Тогаш Гиезиј рече: „Гос­подаре мој, царе, таа е истата жена и овој е истиот син нејзин, кого Елисеј го оживеа.“ Царот ја праша жената, и таа му раскажа. И ѝ даде царот еден дворјанин и рече: „Да ѝ се врати сѐ што е нејзино и сите приходи од нивата, од оној ден, кога ја напуштила земјата, досега.“