Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 4:8-17

2 Царевите 4:8-17 MK2006

Еден ден Елисеј отиде во Сунем. Таму една богата жена го покани во домот свој да јаде леб, и тој, секогаш кога ќе минеше, навратуваше таму да јаде леб. Таа му рече на мажот свој: „Ете, јас знам дека Божјиот човек, кој постојано минува покрај нас, е свет; да му направиме мала горна соба над ѕидот и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник, та кога доаѓа кај нас, да се повлекува таму.“ Еден ден Елисеј отиде таму, се качи во горната соба своја и си легна таму, па му кажа на слугата свој Гиезиј: „Повикај ја Сунамитката.“ Тој ја повика, и таа застана пред него. И му рече: „Кажи ѝ: ‚ете, ти тол­ку се грижиш за нас; што да направиме за тебе? Има ли потреба да му проговориме за тебе на царот, или на воениот началник!‘“ Таа одговори: „Не, јас живеам меѓу народот свој.“ Елисеј продолжи и рече: „Тогаш што да направиме за неа?“ И рече Гиезиј: „Ете, таа нема син, а мажот нејзин е стар.“ И рече Елисеј: „Повикај ја.“ Тој ја повика, и таа застана на вратата. Елисеј ѝ рече: „По една година, во ова исто време, ти ќе држиш на раце син.“ Таа рече: „Не, господаре мој, човеку Божји, немој да ја лажеш слугинката своја.“ И жената остана бремена и роди син на другата година, во она исто време, како што ѝ кажа Елисеј.