И Елисеј влезе во куќата, и ете, умрено дете лежи на леглото негово. И влезе, ја затвори вратата зад себе и Му се помоли на Господ; потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои врз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа. Елисеј стана и почна да оди по собата натаму – наваму; потоа пак се качи и се простре врз него. И детето кивна седумпати и ги отвори очите свои. И тој го повика Гиезиј и му рече: „Повикај ја Сунамитката!“ И тој ја повика. Таа дојде кај него, и тој рече: „Земи си го синот свој!“ Таа се доближи, падна пред нозете негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе.
Прочитај 2 Царевите 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 4:32-37
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа