Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 23

23
Јошија го обновува заветот со Бога
(2 Лет 34,29-32)
1 # 1 Цар 8,1 Тогаш царот испрати, та се собраа кај него сите старешини на Јуда и на Ерусалим. 2#23,21; 2 Мојс 24,7И отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и сите ерусалимски жители, и свештениците, и пророците, и сиот народ, од мал до голем, и им ги прочита гласно сите зборови од книгата, што беше најдена во домот Гос­подов. 3Потоа царот застана на високо место и пред лицето Господово се заветува дека ќе Го следи Господа и дека ќе ги чува заветите Негови, откровенијата Негови и наредбите Негови, од сѐ срце и душа и ќе ги исполнува зборовите на тој завет, напишани во таа книга, И сиот народ се заветува.
Обнова на верата во Јудеја
(2 Лет 34,3-5)
4 # 1 Цар 15,13 Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хелкија и на другите свештеници и на вратарите да ги изнесат од храмот Господов сите работи направени за Ваал и за Ашера и за сета небеска војска, и ги изгоре надвор од Ерусалим, во ки­дронската долина, и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил. 5#Ос 10,5; Соф 1,4И ги отстрани многубожечките жреци што ги беа поставиле јудејските цареви да вршат кадење по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние што му кадеа на Ваал, на сонцето, на месечи­ната, на планетите и на сета небеска војска. 6И ја изнесе тогаш статуата на Ашера од домот Господов надвор од Ерусалим, кај потокот Кедрон, и ја изгоре таму, ја претвори во пепел и ја фрли пепелта нејзина во општонародните гробишта; 7и ги разурна блудничките домови што беа кај храмот Господов, каде што жени шиеја облека за Ашера; 8и ги изведе сите жреци од јудејските градови, ги оскверни идолските свети­лишта, по кои жреците вршеа кадења, од Гева до Вирсавија, и ги разурна светилиштата пред портите – оние кај влезот кон портите на Исус градо­началникот, и оние одлево кај градските порти. 9Жреците на идолските свети­лишта, меѓутоа, не принесуваа жртви врз жрт­веникот Господов во Еруса­лим, туку јадеа бесквасни лебови заедно со бра­ќата свои. 10#Ис 30,33; Ер 7,31-32; 19,6-14Тој го оскверни и Тофет што е во долината Бен-Хином, та никој да не го пренесува синот свој и ќерката своја преку оган во чест на Молох; 11и ги урна коњите што јудејските цареви ги ставаа во чест на сонцето пред влезот во домот Господов, близу до собите на дворјанинот Нетан-Ме­лех, во додатната зграда, а колесници­те на сонцето ги изгоре со оган. 12#21,5И жртвениците врз покривот на Ахазовата горна соба што ги направија јудејските цареви, и жртвениците, што Манасија ги беше направил во двата двора на домот Господов, царот ги собори и ги растури оттаму, и правот нивни го фрли во потокот Ке­дрон. 13#1 Цар 11,7И идолските светилишта пред Ерусалим, десно од Маслиновата Гора, кои Соломон, царот Израелов, ѝ ги беше изградил на Аштарта, идол сидонски, и на Хамос, гад моавски, и на Мил­ком, идол амонски, царот ги оскверни; 14и ги искрши спомениците од камен, и ги исече столбовите на Ашера, и го наполни местото нивно со човечки коски.
Обнова на верата во Израел
(2 Лет 34,6-7)
15 # 1 Цар 12,33–13,10 Исто така и жртвеникот што беше во Ветил, и идолското светили­ште, изградено од Наватовиот син Јеровоам, кој беше го навел Израел во грев – и жртвеникот и светили­штето ги разурна, и ги изгоре, ги претвори во прав, и столбот на Ашера го изгоре. 16Јошија погледна и ги виде гробиш­тата што беа таму на гората, па испрати и ги зеде коските од гробовите, ги изгоре врз жртвеникот и го оскверни, според словото Госпо­дово што го на­вести човекот Божји, кој ги беше претскажал тие настани, 17и Јошија праша: „Каков е тој споменик што го гледам?“ Му одго­ворија градските жители: „Тоа е гробот на Божјиот човек, кој дојде од Јудеја и го навести ова што ти го правиш сега над ветилскиот жрт­веник.“ 18Тогаш тој рече: „Оставете го на ми­ра, никој да не ги обеспокојува коските негови.“ И ги зачува коските негови заедно со коските на пророкот што беше дошол од Самарија. 19И сите идолски светилишта во самарјанските градови, што израелските цареви ги беа изградиле, раз­гневувајќи Го Господа, Јошија ги раз­руши и направи со нив исто, како што направи во Ветил; 20ги закла сите жреци кај свети­лиштата што беа таму, кај жртвени­ците, и изгоре врз нив човечки коски, па се врати во Ерусалим.
Народот на Јудеја ја прославува Пасхата
(2 Лет 35,1.18-19)
21 # 2 Мојс 12 Тогаш царот му заповеда на сиот народ и рече: „Празнувајте Му Пасха на Господ, вашиот Бог, како што е напишано во таа книга на заветот.“ 22Зашто таква Пасха не беше праз­нувана од дните на судиите, кои му су­деа на Израел, и во сите дни на израелските цареви, и на јудејските цареви; 23а таа Пасха на Господ беше празнувана во Ерусалим во осумнаесеттата година на царот Јошија.
Заклучоци за владеењето на Јошија
(2 Лет 35,20-27; 36,1)
24 # 21,6 Јошија исто така ги истреби и повикувачите на мртви, и маѓесни­ците, и вражалците, и идолите, и сите пагански богови што се сретнуваа во јудејската земја и во Ерусалим за да ги исполни зборовите на законот, напишан во книгата што свештеникот Хелкија ја најде во домот Господов. 25Сличен на него немало цар пред него, кој се свртел кон Господ со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сите свои сили, според целиот закон Мојсеев; и по него не се издигна сличен на него. 26Но Господ не ја одложи големата јарост на гневот Свој, со која гневот Негов Му се разгори против Јуда за сите навреди, со кои Манасија Го беше разгневил. 27И Господ рече: „И Јуда ќе го отфрлам од лицето Свое, како што го отфрлив Израел, и ќе го отфрлам тој град Ерусалим што го избрав, и домот, за кој бев рекол: ‚Таму ќе биде името Мое.‘“ 28Другите работи за Јошија и за сѐ што беше извршил тој, е опишано во летописите на јудејските цареви. 29Во неговите дни египетскиот цар, фараонот Нехо, тргна против асир­скиот цар кон реката Еуфрат. Царот Јошија му излезе во пресрет, а оној, штом го виде, го уби во Мегидо. 30#9,28Слугите негови го кренаа мртов од Мегидо, го пренесоа во Ерусалим и го погребаа во гробницата негова, и народот на земјата го зеде Јошиевиот син Јоахаз, го помазаа и го прогласија за цар наместо неговиот татко.
Јоахаз, цар на Јудеја
(2 Лет 36,2-4)
31Јоахаз беше на дваесет и три години, кога стана цар, и царуваше три ме­сеци во Ерусалим; мајка му се викаше Хамутал, ќерка на Еремија, од Ливна. 32Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ онака, како што правеа татковците негови. 33Фараонот Нехо го задржа во Ривла, во земјата Хамат за да не царува во Ерусалим, и наложи данок на земјата сто кикари сребро и еден кикар злато. 34#Ер 22,10-12И фараонот Нехо го направи цар Јошиевиот син Елијаким, место татко му Јошија, и му го промени името на Јоаким, а Јоахаз го зеде и го одведе во Египет, каде што и умре. 35Јоаким му даваше на фараонот сребро и злато; тој ја оцени земјата за да го внесува среброто по заповед на фарао­нот; тој бараше од секого од народот на земјата, според оценката негова, сребро и злато за да му дава на фараонот Нехо.
Јоаким, цар на Јудеја
(2 Лет 36,5-8)
36 # Ер 22,18-19; 25,1; 26,1; 35,1; 36,1 Јоаким беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Зевуда, ќерка на Федаја, од Рума. 37И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ во сѐ она­ка, како што го правеа предците негови.

Селектирано:

2 Царевите 23: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се