Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 18:1-6

2 Царевите 18:1-6 MK2006

Во третата година од владеењето на израелскиот цар Осија, синот на Ила, стана цар Езекија, син на јудејскиот цар Ахаз. Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим; мајка му се викаше Ави, ќерка на Захарија. Тој го правеше она што беше пра­вилно пред очите на Господ, онака како што правеше неговиот предок Давид. Тој ги урна идолските светилишта, ги исече столбовите Ашерини и ги скр­ши спомениците од камен и бронзената змија што Мојсеј ја беше направил; зашто дури до оние дни Израеловите синови ѝ кадеа и ја нарекуваа Неху­штан. Во Господ, Бог Израелов, тој се на­деваше; и како него немаше меѓу сите јудејски цареви – и по него, и пред него. Тој се приврза кон Господ, не от­стапувајќи од Него и ги пазеше заповедите Негови, кои Господ му ги беше дал на Мојсеј.