2 Царевите 18:1-6
2 Царевите 18:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во третата година од владеењето на израелскиот цар Осија, синот на Ила, стана цар Езекија, син на јудејскиот цар Ахаз. Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим; мајка му се викаше Ави, ќерка на Захарија. Тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ, онака како што правеше неговиот предок Давид. Тој ги урна идолските светилишта, ги исече столбовите Ашерини и ги скрши спомениците од камен и бронзената змија што Мојсеј ја беше направил; зашто дури до оние дни Израеловите синови ѝ кадеа и ја нарекуваа Нехуштан. Во Господ, Бог Израелов, тој се надеваше; и како него немаше меѓу сите јудејски цареви – и по него, и пред него. Тој се приврза кон Господ, не отстапувајќи од Него и ги пазеше заповедите Негови, кои Господ му ги беше дал на Мојсеј.
2 Царевите 18:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во третата година на царувањето на Осиј, синот Илин, во Израел, јудејски цар стана Езекија, синот Ахазов. Му беа дваесет и пет години кога се зацари. Царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Името на мајка му беше Авија, ќерката Захариева. Правеше што е право во Господовите очи, сосем како неговиот татко Давид. Тој ги отстрани високите места, ги разурна столбовите, ги исече ашерите и ја скрши змијата од бронза, што ја беше направил Мојсеј. Израелците сѐ дотогаш ѝ принесуваа жртви. Ја викаа Неустан. Се надеваше во Господа, Израелевиот Бог. Ни пред него ни по него му немаше рамен меѓу јудејските цареви. Се прилепи кон Господа и никогаш не се сврти од Него. Ги пазеше сите заповеди што ги даде Господ преку Мојсеја.