Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 18

18
Езекија, цар на Јудеја
(2 Лет 29,1-2; 31,1)
1Во третата година од владеењето на израелскиот цар Осија, синот на Ила, стана цар Езекија, син на јудејскиот цар Ахаз. 2Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим; мајка му се викаше Ави, ќерка на Захарија. 3Тој го правеше она што беше пра­вилно пред очите на Господ, онака како што правеше неговиот предок Давид. 4Тој ги урна идолските светилишта, ги исече столбовите Ашерини и ги скр­ши спомениците од камен и бронзената змија што Мојсеј ја беше направил; зашто дури до оние дни Израеловите синови ѝ кадеа и ја нарекуваа Неху­штан. 5Во Господ, Бог Израелов, тој се на­деваше; и како него немаше меѓу сите јудејски цареви – и по него, и пред него. 6Тој се приврза кон Господ, не от­стапувајќи од Него и ги пазеше заповедите Негови, кои Господ му ги беше дал на Мојсеј. 7И Господ беше со него: насекаде, каде и да одеше, тој постапуваше благоразумно. И востана тој против асир­скиот цар и престана да му служи. 8Тој ги порази Филистејците до Газа и нејзината околина: од стра­жарската кула до утврдувањето на градот.
Спомнување на освојувањето на Самарија
9Во четвртата година од владеењето на царот Езекија, односно во седмата година на Осија, синот на Ила, цар израелски, асирскиот цар Сал­манасар тргна против Самарија, ја опседна, 10и по три години ја презеде, – во шес­тата година на Езекија, односно во десет­тата година од владеењето на израелскиот цар Осија, Самарија беше преземена. 11#15,29И асирскиот цар ги пресели Изра­елците во Асирија, и ги насели во Халах и покрај реката Хавор во Гозан, и во градовите на Мидија, 12зашто тие не го послушаа гласот на Господ, својот Бог, и го прекршија заветот Негов: сѐ што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов, тие ниту го слушаа, ниту го исполнуваа.
Сенахирим ја напаѓа Јудеја
(2 Лет 32,1; Ис 36,1)
13 # 19,20.36 Во четиринаесеттата година од владеењето на царот Езекија асирскиот цар Сенахирим тргна против сите утврдени градови во Јудеја и ги презеде. 14Тогаш јудејскиот цар Езекија испрати до асирскиот цар во Лакиш да кажат: „Погрешив; оди си од мене; сѐ што ќе ми наложиш, ќе поднесам.“ И асирскиот цар му наложи на јудејскиот цар Езекија да плаќа триста кикари сребро и триесет кикари злато. 15#12,19И Езекија го даде сето сребро што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом. 16Тогаш Езекија го симна златото од вратата на домот Господов и од столбовите до вратата, кои тој, јудејскиот цар Езекија, ги беше позлатил, и му ги даде на асирскиот цар.
Расправии за помош на логорот на Сенахирим
(2 Лет 32,9-16; Ис 36,2-22)
17И асирскиот цар ги испрати главниот командант, шефот на штабот и царскиот аѓутант од Лакиш кај царот Езекија во Ерусалим со голема војска. И тие тргнаа и дојдоа до Ерусалим. А кога пристигнаа и запреа кај водоводот на горното езеро, кој се наоѓа на патот кон нивата на валавичарот, 18и кога го повикаа царот, пред нив излезе Хелкиевиот син Елијаким, управник на дворецот, и писарот Севна, и летописецот Јоах, Асафо­виот син. 19И им рече аѓутантот на асирскиот цар: „Кажете му на Езекија: вака вели големиот цар, царот на Асирија: ‚Со каква верба вие се надевате?‘ 20Ти зборуваш: ‚Имам ум и сила за војување.‘ Но тоа се само празни збо­рови. Во чие име се крена против мене? 21#17,4; 1 Цар 11,14-22.40; Ис 30,1-7; 31,1-3; Ер 42–43; Ез 29,6-7Ете, ти мислиш да се потпреш на Египет, на таа скршена трска, на која, ако некој се потпре на неа, ќе му влезе во раката и ќе му ја продупчи. Таков е фараонот, египетскиот цар, за сите што имаат доверба во него. 22Ако, пак, ми кажете: ‚на Господ, нашиот Бог, се надеваме,‘ не е ли тоа Оној, Чии светилишта и жртвеници Езекија ги урна, велејќи му на Јуда и на Ерусалим: само пред тој жртвеник поклонувајте се во Ерусалим? 23И затоа, склучи сојуз со мојот господар, асирскиот цар; ќе ти дадам две илјади коњи; можеш ли да најдеш за нив коњаници? 24Како ќе одбиеш ти еден водач од најмалите слуги на господарот мој? А се потпираш врз Египет заради коли и коњаници? 25Притоа, зар јас без волјата Госпо­дова сум тргнал против ова место за да го сотрам? Господ ми рече: ‚оди против таа земја и сотри ја.‘“ 26Тогаш Хелкиевиот син Елијаким, и Севна, и Јоах му одговорија на царски­от аѓутант: „Зборувај им на слугите свои на арамејски, зашто разбираме, а немој да ни зборуваш на јудејски да слуша народот што е на ѕидот.“ 27А царскиот аѓутант им рече: „За­рем само до твојот господар и до тебе ме испрати господарот мој да ги кажам тие зборови? Не, а и на луѓето што седат на ѕидот за да го јадат изметот свој и да ја пијат мочта своја заедно со вас.“ 28И стана царскиот аѓутант, извика со силен глас на јудејски и зборуваше, велејќи: „Чујте ги зборовите на голе­миот цар, царот на Асирија! 29Вака вели царот: Нека не ве мами Езекија, зашто тој не може да ве спаси од мојата рака; 30и нека не ви дава лажни надежи Езекија со Господ, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси, и нема да биде предаден овој град во раката на асирскиот цар!‘ 31Не го слушајте Езекија, зашто вака вели асирскиот цар: Склучете мир со мене и дојдете кај мене, и секој нека ги јаде плодовите на лозјето свое и на смоквата своја, и секој нека пие вода од својот кладенец, 32#20,6; Пс 97,10; Дан 3,15-17; Лк 1,74додека да дојдам и да ве одведам во исто таква земја, како вашата земја, во земја со леб и вино, во земја со плодови и лозја, во земја со маслинови дрвја и мед за да живеете, а не да умрете. Затоа не слушајте го Езекија, кој ве мами и вели: – ‚Господ ќе нѐ спаси.‘ 33Дали некој од боговите на народите ја спасил својата земја од раката на асирскиот цар? 34Каде се боговите на Хамат и Ар­пад? Каде се боговите на Сефар­ваим, на Хена и на Ива? Ја спасија ли тие Сама­рија од раката моја? 35Кој од сите богови на тие земји ја избави земјата своја од мојата рака? Та зарем Господ ќе го спаси Еру­салим од раката моја?“ 36Народот молчеше и не му одговараше ни збор, зашто царот беше заповедал: „Не му одговарајте!“ 37И дојде Хелкиевиот син Ели­јаким, управник на дворецот, и Севна, писа­рот, и Асафовиот син Јоах, летописе­цот, дојдоа кај Езекија со раскината облека и му ги пренесоа зборовите на аѓутантот на асирскиот цар.

Селектирано:

2 Царевите 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се