2 Царевите 16
16
Ахаз, цар на Јудеја
(2 Лет 28,1-27)
1Ахаз, синот на јудејскиот цар Јотам, стана цар во седумнаесеттата година на Ремалиевиот син Факиј; 2Ахаз беше на дваесет години, кога стана цар; тој царуваше шеснаесет години во Ерусалим, и не го правеше она што беше правилно пред очите на Господ, својот Бог, како неговиот предок Давид, 3#3 Мојс 18,21туку одеше по патот на израелските цареви, и дури синот свој преку оган го пренесе, следејќи ги одвратните дела на народите што Господ ги беше отстранил од пред лицето на Израеловите синови; 4#5 Мојс 12,2принесуваше жртви и кадеше по идолските светилишта и по могилите и под секое сенчесто дрво. 5#15,37; Ис 7–8Тогаш царот на Арам Рецин и Ремалиевиот син Факиј, израелскиот цар, тргнаа против Ерусалим за да го освојат и го држеа Ахаз под опсада, но не можеа да победат. 6Во она време арамејскиот цар Рецин ѝ го врати на Арам Елат и ги истера Јудејците од Елат; и Едомците се населија во Елат, каде што живеат и до денес. 7Ахаз испрати гласници до асирскиот цар Тиглат-Пилесер да кажат: „Јас сум твој роб и твој син; дојди и заштити ме од раката на арамејскиот цар и од раката на израелскиот цар, кои се кренаа против мене.“ 8#12,19Ахаз зеде сребро и злато, колку што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и му го испрати како дар на асирскиот цар. 9#15,29Асирскиот цар го послуша: и отиде асирскиот цар во Дамаск, го презеде и ги пресели жителите негови во Кир, а Рецин го уби. 10Царот Ахаз отиде да го пречека асирскиот цар Тиглат-Пилесер во Дамаск и го виде жртвеникот што беше во Дамаск, и му го испрати царот Ахаз на свештеникот Урија ликот на жртвеникот и план на целиот жртвеник. 11А свештеникот Урија изгради жртвеник според планот што царот Ахаз му го испрати од Дамаск; тоа го направи свештеникот Урија, пред да дојде од Дамаск царот Ахаз. 12#1 Сам 13,9; 1 Цар 12,32-33Кога дојде царот од Дамаск, го виде жртвеникот, се доближи тој до жртвеникот и принесе на него жртва. 13Запали своја жртва сепаленица, принесе жртва приносница и жртва леаница и го пороси жртвеникот со крвта на неговата жртва за помирување. 14А бронзениот жртвеник што беше пред лицето Господово, го премести од предната страна на храмот, од местото меѓу новиот жртвеник и домот Господов, и го постави отстрана на тој жртвеник кон север. 15#Ез 46,4-7И му заповеда царот Ахаз на свештеникот Урија и рече: „На големиот жртвеник пали ги утринските сепаленици и вечерната жртва приносница, сепаленицата од царот и жртвата приносница од него, сепалениците од сите луѓе на земјата и жртвата приносница, и жртвата леаница од нив, и роси го жртвеникот со крвта на секоја сепаленица и со крвта на секоја жртва, а бронзениот жртвеник да остане, додека јас да размислам.“ 16Свештеникот Урија го изврши сето тоа, како што заповеда царот Ахаз. 17И ги извади царот Ахаз краиштата на подножјата, ги симна од нив мијалниците, го симна и бронзеното море од бронзените волови што беа под него и го постави на под од камен. 18И ја крена саботната стреа што беше вградена пред храмот и надворешниот царски влез во домот Господов, заради асирскиот цар. 19Другите дела на Ахаз што тој ги извршил, опишани се во летописите на јудејските цареви. 20#Ис 14,28И почина Ахаз кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари неговиот син Езекија.
Селектирано:
2 Царевите 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006