Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 13:1-9

2 Царевите 13:1-9 MK2006

Во дваесет и третата година од владеењето на Јоас, синот на ју­дејскиот цар Охозија, стана цар над Израел во Самарија, Јехуевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години. Тој го правеше она што беше немило пред очите на Господ и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел, и не отстапуваше од нив. И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој го предаде во раката на арамејскиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Венадад, за сето она време. Јоахаз се помоли пред лицето на Господ, и Господ го слушна, зашто ја виде неволјата на Израелците, како ги притеснуваше арамејскиот цар. И Господ им даде на Израелците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Арамејците, и живееја синовите Изра­елови во шаторите свои, како порано. Меѓутоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел; сѐ уште одеа по нив, а и столбот на Ашера стоеше во Сама­рија. На Јоахаз му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто царот на Арам ги беше уништил и ги згази како прав што се тапка. Другото за Јоахаз и за сѐ што тој го извршил, и за неговите јуначки подви­зи, е опишано во летописите на израелските цареви. И почина Јоахаз кај своите предци, и го погребаа во Самарија. На негово мес­то се зацари неговиот син Јоас.