Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 13:1-9

2 Царевите 13:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во дваесет и третата година од владеењето на Јоас, синот на ју­дејскиот цар Охозија, стана цар над Израел во Самарија, Јехуевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години. Тој го правеше она што беше немило пред очите на Господ и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел, и не отстапуваше од нив. И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој го предаде во раката на арамејскиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Венадад, за сето она време. Јоахаз се помоли пред лицето на Господ, и Господ го слушна, зашто ја виде неволјата на Израелците, како ги притеснуваше арамејскиот цар. И Господ им даде на Израелците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Арамејците, и живееја синовите Изра­елови во шаторите свои, како порано. Меѓутоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел; сѐ уште одеа по нив, а и столбот на Ашера стоеше во Сама­рија. На Јоахаз му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто царот на Арам ги беше уништил и ги згази како прав што се тапка. Другото за Јоахаз и за сѐ што тој го извршил, и за неговите јуначки подви­зи, е опишано во летописите на израелските цареви. И почина Јоахаз кај своите предци, и го погребаа во Самарија. На негово мес­то се зацари неговиот син Јоас.

2 Царевите 13:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во дваесет и третата година на царувањето на јудејскиот цар Јоас, синот Охозиин, Јоахаз, синот Јујов, стана израелски цар во Самарија. Царуваше седумнаесет години. Тој правеше што е зло во Господовите очи, и се поведе по гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведуваше Израел да греши. Не отстапуваше од нив. Тогаш Господ зовре од гнев против Израел, и го предаде во рацете на арамејскиот цар Азаил и во рацете на Вен-Адад, синот Азаилов, за сето она време. Но Јоахаз го ублажи Господовото лице, и Господ го послуша, зашто ја виде неволјата што арамејскиот цар му ја нанесуваше на Израел. Господ му даде на Израел избавител кој го избави од арамејските раце, та Израелците живееја во своите шатори како и порано. Но не отстапуваа од гревовите со кои Јеровоам го беше завел Израел: туку одеа по нив, а и ашерите останаа во Самарија. Господ му остави на Јоахаз само педесет коњаници како војска, десет бојни коли и десет илјади пешаци; арамејскиот цар ги беше уништил и згазил како прав при вршење. Другите Јоахазови дела, сѐ што направи и што преземал, зар сѐ тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви? Јоахаз почина со своите татковци, и беше погребан во Самарија, а неговиот син Јоас се зацари место него.