Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 12:1-16

2 Царевите 12:1-16 MK2006

Јоас беше на седум години, кога стана цар. Тој стана цар во седмата година од владеењето на Јуј и царуваше во Еру­салим четириесет години. Мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија. А Јоас го правеше она што беше правилно пред очите на Господ во сите денови додека го поучуваше свеш­теникот Јодај; само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Јоас им кажа на свештениците: „Си­те пари од посветените дарови што се донесуваат во домот Господов, парите кои некому му се наметнати со процена, и парите што некои по сопствена волја ги принесуваат во домот Господов;“ „Свештениците нека ги приберат, секој од својот познат, и со нив нека го поправат расипаното во храмот, насека­де, каде што ќе се најде оштетено.“ Но бидејќи до дваесет и третата го­дина на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот, царот Јоас го повика тогаш свеш­теникот Јодај и свештениците и им рече: „Зошто не ги поправате расипа­ните работи во храмот? Отсега нема веќе да прибирате пари од своите познати, туку ќе ги оставате за поправка на храмот.“ И свештениците се согласија да не прибираат веќе кај себе пари од народот за поправки во храмот. Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свеш­тениците што стоеја на стража кај вра­тата, ги пуштаа таму сите пари што се внесуваа во домот Господов. И кога ќе видеа дека има многу пари во ковчежето, доаѓаше царскиот писар и првосвештеникот и ги врзуваа во торби и ги пребројуваа парите што се наоѓаа во домот Господов, а преброените пари ги предаваа во рацете на определените за надзорници на домот Господов, и тие им плаќаа на дрводелците што работеа во домот Господов, и на ѕидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Гос­подов, и за сѐ што се трошеше за одржување на храмот. Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штип­ки, ни котлиња за росење, ни труби – никакви златни садови, и сребрени са­дови не беа направени од парите што се внесуваа во домот Господов, туку ги предаваа на надзорниците и тие го поправаа со нив домот Господов. И не бараа сметка од оние, на кои им ги доверуваа парите за плаќање на работниците, зашто тие постапуваа чесно.