Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 11

11
Готолија ја превзема власта во Ерусалим
(2 Лет 22,10-12)
1 # 1 Цар 14,10 Готолија, мајката на Охозија, ко­га виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род. 2Но Јехошева, ќерката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Аха­зиевиот син Јоас и го украде од убиваните царски синови, заедно со неговата доилка, и ги сокри од Готолија во спалната. Така тој не беше убиен. 3И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Гото­лија царуваше над земјата.
Јоас посветен за цар
(2 Лет 23,1-21)
4 # 2 Мојс 18,21.25 На седмата година Јодај испрати да ги повикаат началниците на царската гарда и телохранителите, ги доведе кај себеси во домот Господов, склучи со нив сојуз, ги заколна во домот Господов и им го покажа царскиот син. 5Тој им заповеда, велејќи: „Еве што ќе направите: едната третина од вас што доаѓа на служба во сабота, ќе стои на стража кај царскиот дом; 6другата третина – кај Сурските Пор­ти; и третата третина – кај портите зад телохранителите, и ќе стоите на стража во домот за да не стане насилство. 7И два одреда од вас, од сите што си одат од служба во сабота, ќе стојат на стража кај домот Господов, околу царот; 8и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; секој што ќе влезе во редовите, да биде убиен; и бидете кај царот, кога излегува и кога влегува.“ 9Стотниците направија сѐ што заповеда свештеникот Јодај; секој ги зеде луѓето свои што доаѓаа на служба во сабота и кои се враќаа од служба во сабота, и дојдоа кај свештеникот Јодај. 10И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давид што се наоѓаа во домот на Господ. 11И застанаа телохранителите, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот кај жртвеникот и кај домот, околу царот. 12Тогаш Јодај го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и извикуваа: „Да живее царот!“ 13Кога Готолија го слушна гласот на растрчаниот народ, отиде кај народот во домот Господов. 14А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и пред царот заповедниците и свирачите. Сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: „Предавство, предавство!“ 15Свештеникот Јодај им заповеда на заповедниците над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од редовите, а кој ќе тргне по неа, убијте го со меч!“ Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов. 16Ѝ направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена. 17И Јодај направи завет меѓу Господ, меѓу царот и народот, тие да бидат народ Господов. 18#10,26-27Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваал, ги срушија жртвениците не­гови, и идолите негови сосема ги униш­тија, а Вааловиот жрец Матан го убија пред жртвениците. И свеш­теникот постави стража над домот Господов. 19#1 Цар 1,46.48И ги зеде стотниците, и телохра­нителите, и брзоодците, и сиот народ од земјата, и го придружија царот од до­мот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол. 20Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Гото­лија ја убија со меч во царскиот дом.

Селектирано:

2 Царевите 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се