Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 9:6-12

2 Коринтјаните 9:6-12 MK2006

Ова, пак, ви го велам: кој така скр­жаво сее, така скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее. Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава. А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело. Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“ А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда, па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизви­кува благодарност кон Бога. Бидејќи извршувањето на таа служ­ба не само што ги надополнува пот­ре­бите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога