Зашто, ако сум ве и ожалостил со посланието, не ми е жал, макар и да ми беше жал, бидејќи гледам дека тоа послание ве ожалостило само за малку време; сега се радувам не затоа што се ожалостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас. Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајување за спасение, а световната жалост доведува до смрт. Зашто, ете, тоа што се ожалостивте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво огорчување, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква горчина! Со сѐ покажавте дека во тоа дело сте чисти. Така, ако и ви напишав, тоа го направив не поради навредувачот, ниту поради навредениот, туку за да стане јасно вашето усрдие за нас пред Бога. Затоа се утешивме. Во таа наша утеха уште повеќе се зарадувавме поради радоста на Тит, затоа што сите вие сте му го успокоиле духот.
Прочитај 2 Коринтјаните 7
Слушај 2 Коринтјаните 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Коринтјаните 7:8-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа