Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 11:1-15

2 Коринтјаните 11:1-15 MK2006

Ех, да бевте потрпеле малку од моето безумие! Да, потрпете ме! Зашто за вас сум љубоморен со Божја љубомора; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица. Но се плашам, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, да не се одвратат вашите мисли поради вашата искреност кон Христос. Зашто, ако некој дојдеше да про­по­веда друг Исус, кого ние не сме го про­поведале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте. Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите. Иако сум прост во говорот, во зна­ењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати. Направив ли грев што, понизувајќи се себе за да ве издигнам вас, бесплатно ви Го проповедам Евангелието Божјо? Други цркви оштетив, добивајќи од нив издршка, да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев со скудност, ни­кому не дотежнав, зашто во немаштијата моја ми по­могнаа браќата што дојдоа од Маке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар. Поради вистината Христова во ме­не, оваа пофалба никој нема да ми ја зе­ме во краиштата ахајски. А зошто? Затоа ли што не ве са­кам? Бог знае! Но, она што го правам, ќе го пра­вам и понатаму за да не им дадам повод на оние, кои бараат повод, па да се изед­начат со нас во она за кое се фалат. Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, лукави работници, кои се препра­ваат во Христови апостоли. И не е за чудење! Па и самиот сата­на се преправа во ангел на светлината; па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.