2 Летописи 4
4
Правење садови и сѐ друго потребно за храмот
(1 Цар 7,23-51)
1 #
2 Мојс 20,24; 1 Цар 8,64 А направи и бакарен жртвеник: дваесет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок. 2#Откр 4,6; 15,2#1 Цар 7,23-26И направи излеано море – од едниот крај негов до другиот десет лакти – целиот круг, висок пет лакти, а наоколу при врвот – триесет лакти; 3наоколу под него од сите страни имаше излеано фигури воловски; на десет лакти наоколу морето го опколуваа два реда волови, излеани заедно со него. 4Тоа стоеше врз дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток, а морето врз нив одозгора: заднините пак им беа свртени навнатре. 5Дебелината му беше колку една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша; прилегаа на расцутен крин. Тоа собираше три илјади бата. 6#1 Цар 7,38-39Направи и десет мијалници и постави пет десно и пет лево, за да мијат во нив – го миеја во нив приготвеното за сепалениците; а морето – за свештениците, за да се мијат во него. 7#2 Мојс 25,31-40Направи и десет златни светилници, какви што требаше да бидат, и ги постави во храмот – пет десно и пет лево. 8#2 Мојс 25,23-30; 4 Мојс 4,14Направи и десет трпези и ги постави во храмот – пет десно и пет лево; направи и сто златни чаши. 9Направи уште и свештенички двор, и голем двор, и врати кон дворот, и вратите им ги опкова со бакар. 10#1 Цар 7,39-51Морето го постави на десната страна, кон југоисток. 11#1 Цар 7,14И направи Хирам котли, лопатки, чаши, кадилници и сите жртвени садови. И ја сврши Хирам работата, што ја правеше за царот Соломон во Божјиот дом: 12два столба и два појаса околу врвовите врз столбовите и две мрежи, за да ги покриваат двата појаса околу капителите, што беа врз столбовите, 13и четиристотини нарови на двете мрежи – два реда нарови за секоја мрежа, за да ги покриваат двата појаса околу врвовите врз столбовите. 14Направи и подножја, направи и мијалници над подножјата; 15едно море и дванаесет волови под него, 16и котли и лопатки, и виљушки; целиот тој прибор Хирам му го направи на царот Соломон за домот Господов од измазнет бакар. 17#1 Мојс 33,17Царот ги излеа во глинена земја од околината на Јордан, меѓу Сукот и Цередата. 18Соломон ги направи сите тие предмети во големо множество, така што не се знаеше мерката на бакарот. 19#2 Мојс 25,23Тогаш ги направи Соломон и сите други предмети за Божјиот дом: и златен жртвеник, и трпези за приносните лебови, 20#2 Мојс 25,31и светилници, и кандилата нивни, за да ги палат според уредбите пред Светињата над светињите – од чисто злато; 21и цвеќенца, и кандилца, и машички од злато, од најчисто злато, 22#3 Мојс 10,1; 4 Мојс 7,14и ножеви, и котлиња, и чаши, и кадилници од најчисто злато; и храмовите порти – внатрешните порти за Светињата над светињите, и храмовите порти за светилиштето – од злато.
Селектирано:
2 Летописи 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006