Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 36

36
Јудејскиот цар Јоахаз
(2 Цар 23,30-35)
1Народот на таа земја го зеде Јоахаз, синот Јошиев, го помаза и го постави за цар на местото од таткото негов во Ерусалим. 2Јоахаз имаше дваесет и три години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца. 3Египетскиот цар го собори од престолот во Ерусалим, го одведе во Египет и ѝ наложи на земјата глоба од сто кикари сребро и еден кикар злато. 4#Ез 19,4Египетскиот цар го постави братот негов Елијаким за цар над Јудеја и над Ерусалим, и му го смени името во Јоа­ким, а братот негов Јоахаз, Нехо го зеде и го одведе во Египет.
Јудејскиот цар Јоаким
(2 Цар 23,36–24,7)
5 # Ер 22,18; 25,1; 26,1 Јоаким имаше дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години. Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Гос­под, својот Бог. 6#Ер 25,9; Ез 19,9; Дан 1,1Против него излезе Навухо­доносор, царот вавилонски, и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон. 7#Ер 27,16; Дан 1,2; Езд 1,7Дел од садовите на Господовиот дом пренесе Навуходоносор во Вавилон и ги постави во своето идолско светилиште во Вавилон. 8Другите дела на Јоаким и гадотиите, што ги изврши и какви што се најдоа кај него, се опишани во книгата за царевите израелски и јудејски. Место него стана цар синот негов Јехониј.
Јудејскиот цар Јехониј
(2 Цар 24,8-17)
9 # Ер 22,24-28 Јехониј имаше осумнаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца и десет дена. Тој го пра­веше, она што беше лошо пред очите Господови. 10#2 Цар 20,17; Ис 52,11; Ер 14,18; Езд 1,7Откако измина годината, царот Навуходоносор испрати и заповеда да го доведат во Вавилон заедно со ска­поцените садови на Господовиот дом, го постави за цар на Јудеја и Ерусалим братот негов Седекија.
Јудејскиот цар Седекија
(2 Цар 24,18-20; Ер 52,1-3)
11 # 2 Цар 24,11; Ер 27,1; 28,1 Седекија имаше дваесет и една го­дина кога стана цар, и царуваше во Еру­салим единаесет години; 12#5 Мојс 8,3; Ер 37–39; 44,10и тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог. Тој не се понизи ни пред пророкот Еремија, кој пророкуваше од Господо­вата уста.
Падот на Ерусалим
(2 Цар 25,1-25; Ер 52,3-11)
13 # 2 Мојс 32,9; 5 Мојс 9,27; Ез 17,13 И се одметна од царот Навуходо­носор, кој го заколнал во името Божјо, и се покажа тврдоглав и го ожесточи срцето свое дотаму, што не се обрати кон Господ, Бог Израе­лов. 14#1 Лет 5,25Па и сите началници над свеш­тениците и над народот ги зголемија своите престапи, следејќи ги сите гадо­тии на незнабошците, и го ос­квернуваа домот на Господ, што Тој го беше осветил во Ерусалим. 15#Ис 5,4; Ер 7,25; Мал 2,7Господ, Бог на нивните предци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште. 16#2 Цар 2,23; Јов 8,2; Дан 9,6; Езд 5,12; Мт 5,12Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Не­гови, ги понижуваа пророците Негови, додека гневот на Господ не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение. 17#5 Мојс 32,25; Ер 6,11; 9,21; Ез 9,6; Езд 5,12И Тој го испрати врз нив халдеј­скиот цар, и тој ги уби со меч мла­динците нивни во домот на нивната све­тиња; не го поштеди ни Седекија – ни девица, ни старец, ни немоќен. Сѐ предаде Бог во раката негова. 18#Ер 27,20И сите садови на Божјиот дом, го­леми и мали, и ризниците на домот Гос­подов, и ризниците на царот и начал­ниците негови, – сѐ однесе во Вавилон. 19Па го изгореа Божјиот дом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа; и сите негови скапоцености ги уништија. 20А избавените од меч Навуходо­носор ги пресели во Вавилон, и тие му беа робови нему, до зацарувањето на персискиот цар, 21за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија: додека земјата не ги отпразнува своите саботи, ќе почива во пустош, сето тоа време, сѐ додека не се навршат седумдесет години.
Декрет на царот Кир за враќање на Јудејците
(Езд 1,1-4)
22А во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни зборот Гос­подов, кажан преку устата на Еремија, Господ го подбуди духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото негово царство, усно и писмено, и да кажат: 23„Вака рече Кир, царот персиски: ‚Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, Господ, неговиот Бог нека биде со него, и тој нека оди таму.‘“

Селектирано:

2 Летописи 36: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност