Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 35:20-25

2 Летописи 35:20-25 MK2006

По сето тоа, откако Јошија го уреди Божјиот дом, дојде Нехо, египетскиот цар, да се бори на реката Еуфрат кај Каркемиш. Јшија му излезе во пресрет. Нехо испрати кај него пратеници да кажат: „Што има меѓу мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргнал, туку против домот со кој имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со мене, за да не те погуби.“ Но Јошија не го одврати лицето од него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехо, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Мегидо. И стрелците го устрелија царот Јошија, и царот им рече на слугите свои: „Одведете ме, зашто сум тешко ранет.“ Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на своите предци. Цела Јудеја и Еруса­лим го оплакаа Јошија. Јошија беше оплакан и од Еремија во плачевна песна; него го споменуваа сите пеачи и пејачки во тажачките песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израел; ете, тие се напишани во Книгата на тажачките песни.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 2 Летописи 35:20-25

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност