Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 28

28
Владеењето на безбожниот цар Ахаз во Јудеја
(2 Цар 16,1-4)
1 # Ис 1,1; 1 Лет 3,13 Ахаз беше на дваесет години кога стана цар, и царуваше во Еру­салим шеснаесет години; и тој не го правеше угодното во очите Госпо­дови, како што правеше неговиот предок Давид; 2#2 Мојс 34,17тој одеше по патот на израелските цареви, и дури направи излеани кипови на Вааловци; 3#3 Мојс 18,21; 5 Мојс 18,9; Ис.Н. 15,8; 2 Цар 3,27; Ез 20,26и тој кадеше во долината на Хино­мовите синови, и ги протеруваше низ огин синовите свои, според гнасотиите на оние народи, кои Гос­под ги прогони пред лицето на израелските синови; 4принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата и по ридовите и под секое разгрането дрво.
Војна со Арам и Израел
(2 Цар 16,5)
5 # Ис 7,1 Затоа Господ, неговиот Бог, го пре­даде во рацете на арамејскиот цар, и Арамејците го разбија и му зедоа многу заробеници, кои ги одведоа во Дамаск. Беше предаден и во рацете на израелскиот цар, и тој му нанесе голем пораз. 6#2 Цар 15,25Факиј, син Рамалиев уби во еден ден сто и дваесет илјади Јудејци, храбри војници, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци. 7А Зихриј, силен јунак од Ефремци­те, го уби Маасејаху, царевиот син, и Азрикам, началник на дворот, и Ел­кана, втор по царот. 8И зедоа синовите израелски од бра­ќата свои, Јудејците, двесте илјади же­ни, синови и ќерки; ограбија и многу плен од нив, и го однесоа ограбеното во Самарија.
Пророкот Одед
9 # Ис 10,6; 47,6; Езд 9,6; Откр 18,5 Таму имаше пророк Господов, по име Одед. Тој излезе пред војската, која одеше во Самарија, и им рече: „Ете, Господ, Бог на предците ваши, во гне­вот Свој против Јудејците, ги предаде во ваша рака, и вие ги избивте со таква јарост, која стигна до небесата. 10#3 Мојс 25,39-46И сега мислите да ги направите си­новите на Јуда и Ерусалим ваши робови и робинки. А зар немате и вие вина пред Господ, вашиот Бог? 11Затоа послушајте ме, и вратете ги заробениците, што сте ги заробиле од браќата свои, зашто пламенот на гневот Господов е на вас.“ 12И некои од началниците на сино­вите Ефремови: Азарија, син Јоананов, Варахија, син Мешилемотов, Езекија, син Салумов, и Амаса, син Хадлаев, застанаа спроти оние што доаѓаа од војна. 13И им рекоа: „Не доведувајте ги заробениците тука, зашто би згре­шиле пред Господ. Зар мислите да придодадете уште кон гревовите наши и кон престапите наши? Нашата вина е голема, и пламенот на гневот Господов е врз Израел.“ 14И вооружените ги оставија заробениците и пленот кај воените началници и пред целото собрание. 15#5 Мојс 34,3; Суд 1,16; 2 Цар 6,22И станаа споменатите по име мажи, ги зедоа заробениците, и сите што беа голи ги облекоа од ограбеното – ги об­лекоа и ги обуја, и ги нахра­нија, и ги напоија, и ги помазаа со масло, и ги качија на магариња сите слаби, и ги испратија во Ерихон, град на палмите, кај браќата нивни, и се вратија во Самарија.
Ахаз бара помош од Асирија
(2 Цар 16,7-9)
16Во тоа време царот Ахаз ги замоли асирските цареви да му помогнат, 17#Ис 34,5; 63,1; Ез 25,12; Амос 1,11; Пс 137,7зашто Едомците уште напаѓаа и мнозина убија и заробија во Јудеја. 18#Ер 25,20; Ез 16,27А Филистејците се раширија по градовите во низината и во јужна Јудеја и го презедоа Ветсамис и Аја­лон, Гедерот и Сохо со потчинетите му гра­дови. Тимна со потчинетите ѝ градови и Гимзо со потчинетите му градови, и се населија таму. 19#1 Лет 5,25Така ја понижи Господ Јудеја поради Ахаз, царот јудејски, зашто тој ја разврати Јудеја и тешко грешеше пред Господ. 20#2 Цар 15,29; Ис 7,17; 1 Лет 5,6И дојде кај него асирскиот цар Тил­гат-Пилнесер, но му беше од штета, наместо да му помогне, 21#Ер 2,36зашто Ахаз ги зеде ризниците од домот Господов, од царскиот дом и од началниците, и сѐ му даде на асир­скиот цар, но и тоа не му помогна.
Гревовите на Ахаз
22 # Ер 5,3; 15,7 И во таа притеснета положба тој продолжуваше да прави беззаконија пред Господ, таков беше царот Ахаз; 23#Ис 10,20; Ер 44,17-18им принесуваше жртви на дамас­ките богови, мислејќи дека тие го поразија, па велеше: „Боговите на ара­мејските цареви им помагаат; ќе им принесам жртва, тие и мене ќе ми помогнат.“ Но тие му беа за пропаст и нему и на целиот Израел. 24#Мал 1,10; Дела 17,23Ги собра Ахаз садовите на домот Божји и ги разби, ја затвори вратата на домот Господов и си изгради жртвеници по сите агли на Ерусалим, 25по сите градови Јудини направи оброчишта, за да кади на туѓи богови, и Го дразнеше Господ, Бог на своите предци. 26Другите дела и сите негови постапки, од првите па до последните, се опишани во Книгата на царевите јудеј­ски и израелски. 27И почина Ахаз кај своите предци, и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го внесоа во гробниците на израелските цареви. Наместо него стана цар синот негов Езекија.

Селектирано:

2 Летописи 28: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се