2 Летописи 26
26
Владеењето на Озија
(2 Цар 14,21-22; 15,1-7)
1Сиот народ го зеде Озија, кој имаше шеснаесет години, та го постави за цар на местото на таткото негов Амасија. 2Тој го изгради Елат и ѝ го врати на Јудеја, откако царот, таткото негов, почина кај своите предци. 3Озија имаше шеснаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и две години; мајка му се викаше Јехолија од Ерусалим. 4Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, токму онака, како што правеше и татко му Амасија; 5се определи за Бога во дните на Захарија, кој го учеше на страхопочит кон Бога; и во оние денови, додека се обраќаше кон Господ, Бог му помагаше. 6#Ис 2,6; 11,14; 14,29; Ер 25,20; Амос 1,8; 3,9Тој излезе и се судри со Филистејците и ги разруши ѕидовите на Гет, и ѕидовите на Јавнија, и ѕидовите на Ашдот; ги изгради градовите во областа Ашдот и кај Филистејците. 7И Бог му помагаше против Филистејците и против Арапите, што живееја во Гур-Ваал, и против Меунците. 8#1 Мојс 19,38И Амонците му плаќаа данок на Озија; и се прочу името негово сѐ до египетските предели, зашто беше многу силен. 9#2 Цар 14,13; Неем 2,13; 3,13Озија изгради кули во Ерусалим над аголните порти, над портите кон долината и на аголот, и ги зацврсти. 10Изгради кули и во пустината, ископа и многу кладенци, бидејќи тој имаше многу добиток, како во низините, така и во рамнината, и земјоделци и градинари по планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството. 11Озија имаше војска, која излегуваше во војна по одреди, според она како што беа изброени во списокот, составен од раката на писарот Јеиел, и надѕирателот Маасејаху, под водството на Хананјаху, голем царски великодостојник. 12Сите глави на семејства, храбри војници, беа на број две илјади и шестотини, 13и под команда на раката нивна имаше воена сила триста и седум илјади и петстотини души, кои влегуваа во битка со воинствена храброст, да му помагаат на царот против непријателот. 14#Ер 46,4И подготви Озија за нив, за целата војска, штитови и копја, шлемови и оклопи, лакови и камења за праќки. 15Направи во Ерусалим вешто измислени машини, да стојат на кулите и аглите, за да се фрлаат со нив стрели и големи камења. И се прочу името негово далеку, зашто се беше зацврстил чудно и беше станал многу силен.
Казна за Озија
16 #
5 Мојс 32,15; 2 Цар 14,10; 16,12; 1 Лет 5,25 Но кога стана силен, се возгордеа срцето негово за негово загинување, и тој стана престапник пред Господ, неговиот Бог, зашто влезе во храмот Господов за да запали темјан на кадилниот жртвеник. 17#1 Цар 4,2По него отиде свештеникот Азарија и со него осумдесет Господови свештеници, одлични луѓе; 18#2 Мојс 30,7; 4 Мојс 3,10; 18,1-7тие му се противставија на царот Озија и му рекоа: „Не е твоја работа, Озија, да Му кадиш на Господ; тоа е работа на свештениците, синови Аронови, посветени за кадење; излези од светилиштето, зашто направи престап, и тоа нема да ти биде за чест пред Господ Бог!“ 19#4 Мојс 12,10Се налути Озија, – а во раката негова имаше кадилница за кадење, и кога се налути на свештениците, се појави лепра на челото негово, пред лицето на свештениците во домот Господов, при кадилниот жртвеник. 20Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, имаше лепра на челото негово. Го принудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ. 21#2 Мојс 4,6; 3 Мојс 13,46; 4 Мојс 5,2И остана лепрозен царот Озија до денот на смртта своја, и живееше во посебна куќа и беше отстранет од домот Господов. А Јотам, неговиот син, управуваше над царскиот дом и му судеше на народот во земјата. 22#Ис 1,1; 6,1Другите дела Озиеви, од првите и до последните, ги опишал пророкот Исаија, син Амоцов. 23И почина Озија кај своите предци, и го погребаа кај предците негови во полето кај царските гробници, зашто велеа, тој е лепрозен. А наместо него стана цар синот негов Јотам.
Селектирано:
2 Летописи 26: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006