Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 26:16-23

2 Летописи 26:16-23 MK2006

Но кога стана силен, се возгордеа срцето негово за негово загинување, и тој стана престапник пред Господ, не­говиот Бог, зашто влезе во храмот Господов за да запали темјан на кадилниот жртвеник. По него отиде свештеникот Аза­рија и со него осумдесет Господови свештеници, одлични луѓе; тие му се противставија на царот Озија и му рекоа: „Не е твоја работа, Озија, да Му кадиш на Господ; тоа е работа на свештениците, синови Аро­нови, посветени за кадење; излези од светилиштето, зашто направи престап, и тоа нема да ти биде за чест пред Господ Бог!“ Се налути Озија, – а во раката не­гова имаше кадилница за кадење, и кога се налути на свештениците, се појави лепра на челото негово, пред лицето на свештениците во домот Господов, при кадилниот жртвеник. Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, има­ше лепра на челото негово. Го при­нудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ. И остана лепрозен царот Озија до денот на смртта своја, и живееше во посебна куќа и беше отстранет од до­мот Господов. А Јотам, неговиот син, управуваше над царскиот дом и му судеше на народот во земјата. Другите дела Озиеви, од првите и до последните, ги опишал пророкот Исаија, син Амоцов. И почина Озија кај своите предци, и го погребаа кај предците негови во по­лето кај царските гробници, зашто ве­леа, тој е лепрозен. А наместо него ста­на цар синот негов Јотам.