Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 24

24
Верниот цар Јоас го обновува храмот
(2 Цар 12,1-16)
1Јоас беше на седум години, кога стана цар и царуваше во Еруса­лим четириесет години; мајка му се ви­каше Цивија, од Вирсавија. 2Јоас правеше она што беше угодно пред очите на Господ преку сите денови на свештеникот Јодај. 3#5 Мојс 17,17Јодај му зеде две жени, и тој имаше од нив синови и ќерки. 4Потоа Јоас намисли да го обнови домот Господов, 5#2 Мојс 30,16; Неем 10,32-33И ги собра свештениците и левитите и им рече: „Одете по градовите на Јудеја и секоја година собирајте од сите Израелци сребро за одржување на домот на нашиот Бог, и побрзајте во таа работа.“ Но левитите не побрзаа. 6#2 Мојс 30,11-16; 38,21; Неем 10,33-34; Мт 17,24И царот го повика Јодај, нивниот началник, и му рече: „Зошто не бараш од левитите да го донесуваат од Јудеја и Ерусалим данокот, уста­новен за скинијата на собранието од Мојсеј, слуга Господов, и од израелското собрание?“ 7Бидејќи нечестивата Готолија и синовите нејзини го беа разурнале до­мот Божји, и сѐ што беше посве­тено на домот Господов, го беа упо­требиле за Вааловци. 8Царот заповеда, та направија ковчег и го поставија кај влезот на домот Господов, однадвор, 9па разгласија по Јудеја и Ерусалим да Му Го принесуваат на Господ дано­кот, наложен од Мојсеј, слугата Божји, на Израелците во пустината. 10#2 Мојс 25,2; 1 Лет 29,3Се зарадуваа сите началници и сиот народ, па принесуваа и пуштаа во ков­чежето, додека не се наполни. 11И кога левитите, пак, го донесуваа ковчежето кај царските чиновици, и тие гледаа дека има многу сребро, доаѓаше царскиот писар и повереникот на прво­свештеникот, го празнеа и пак го однесуваа и го ставаа на истото место негово. Така правеа секој ден, и собраа мно­гу сребро. 12Царот и Јодај го предаваа на надгледниците по домот Господов, и тие најмуваа каменоресци и дрводелци за обновување на домот Господов, исто та­ка и ковачи и казанџии, за да го поправат домот Господов. 13Распоредниците работеа, и со нив­ните раце се изврши поправката, и го дотераа домот Божји во поранешна состојба и го поправија. 14И кога завршија сѐ, му го однесоа на царот и на Јодај останатото сребро. И направија од него садови за домот Господов, садови за служба и за сепаленици, чаши и други садови, златни и сребрени. И принесуваа сепаленици во домот Господов постојано преку сите денови на Јодај.
Укинување на реформите на Јодај
15Јодај откако остаре и, откако се насити од животот, умре; тој беше на сто и триесет години кога умре. 16Го погребаа во Давидовиот град кај царевите, бидејќи тој правеше добро во Израел – и за Бога и за домот Негов. 17Но по смртта на Јодај дојдоа јудеј­ските началници и му се поклонија на царот; оттогаш царот почна да ги слуша. 18#2 Мојс 34,13; Ис.Н. 24,20; Ер 17,2И го оставија домот Господов, Бог на своите предци, и почнаа да им слу­жат на посветените дрвја и на идолите; заради тој нивен престап се подигна гневот Господов и врз Јуда и Ерусалим. 19#4 Мојс 11,29; Ер 7,25; Зах 1,4Тој им испрати пророци за да ги повратат кон Господ и им сведочеа, но тие не ги послушаа. 20#12,5; Мт 23,35; Лк 11,51И Духот Божји го исполни Заха­рија, синот на свештеникот Јодај, и тој застана на возвишението пред народот и им рече: „Вака вели Гос­под: зошто ги прекршувате Господо­вите заповеди? Успех нема да имате: како што вие Го оставивте Господа, така и Тој ќе ве остави.“ 21#Ис.Н. 7,25; Ер 20,2; Мт 23,35; Лк 11,51Тогаш се побунија против него и го убија со камења, по заповед на царот Јоас, во дворот на Господовиот дом. 22#1 Мојс 9,5Царот Јоас не се сети на доброто, што му го беше направил Јодај, таткото на Захарија, а го уби синот негов. И тој умирајќи, велеше: „Нека види Господ и нека се одмазди!“
Крај на владеењето на Јоас
23Откако измина годината, излезе против него арамејска војска и влегоа во Јудеја и Ерусалим и ги истребија од народот сите началници народни и сиот плен, земен од нив и му го испратија на царот во Дамаск. 24#3 Мојс 26,23; 5 Мојс 28,25Иако сириската војска беше дошла во мал број, Господ им предаде во рацете нивни мошне многубројна сила, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци. Тие му се одмаздија и на Јоас. 25Кога си отидоа од него, откако го оставија во тешка болест, слугите негови направија заговор против него, заради крвта на синот на свештеникот Јодај, го убија во леглото негово и тој умре. Го погребаа во Давидовиот град, но не го погребаа во царските гробници. 26А заговорници против него беа: За­вад, син на Амонката Шимеата, и Јехо­завад, син на Моавката Шимрита. 27За синовите негови, за многуте про­роштва против него и за обновувањето на Божјиот дом е напишано во Книгата на царевите. Наместо него стана цар синот негов Амасија.

Селектирано:

2 Летописи 24: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се