Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 2

2
1 # 5 Мојс 12,5 И собра Соломон седумдесет илјади носачи и осумдесет илјади каме­ноделци во горите и надгледници над нив – три илјади и шестотини. 2#2 Сам 5,11; 1 Лет 14,1Тогаш Соломон испрати гласници да му кажат на тирскиот цар Хирам: „Како што правеше со татко ми Давид и му испраќаше кедар, за да си изгради дом за живеење, така направи и со мене. 3#2 Мојс 25,30; 29,42; 30,7; 4 Мојс 28,14; 5 Мојс 12,5Еве, јас градам дом на името Гос­подово, мојот Бог, да го посветам Нему, за да се кади пред Него миризливо кадиво, да се поставуваат постојано приносни лебови и да се принесуваа таму сепаленици наутро и навечер, и во саботите, новоме­сечијата и празниците на Господ, нашиот Бог, што му е заповедано засекогаш на Израел. 4#2 Мојс 12,12; 1 Лет 16,25; 22,5Домот, што го градам, ќе биде го­лем, зашто голем е нашиот Бог, погоре е од сите богови. 5#1 Цар 8,27; Ер 23,24Та кој може Нему да Му изгради дом, кога небото и небесата над небесата не можат да ја соберат Неговата сла­ва? И кој сум јас, па да можам да Му изградам дом, освен за кадење пред лицето Негово? 6#2 Мојс 35,31Па така, испрати ми сега човек, што знае да прави изработки од злато, од сребро, од бакар и од железо и од пурпурна, црвена и сина преѓа и кој знае да реже, за да работи заедно со уметниците, какви што има во Јудеја и во Ерусалим, а кои ги приготви татко ми Давид. 7И испрати ми кедрови дрва и ки­парис и сандалово дрво од Ливан, зашто знам дека твоите слуги умеат да сечат леванонски дрвја. Ете, моите слуги ќе одат со твоите слуги, 8за да ми подготват многу дрва, за­што домот што го градам, ќе биде го­лем и величествен. 9#Езд 3,7А на дрводелците, твоите слуги, што ќе ги сечат дрвјата, ќе им дадам за хра­на: дваесет илјади мери пченица и дваесет илјади мери јачмен, дваесет илјади мери вино и дваесет илјади мери масло.“ 10#1 Цар 10,9И Хирам, царот тирски, одговори со писмо, кое му го испрати на Соло­мон: „Затоа што го засака Својот народ, Господ те постави за цар над него.“ 11#Неем 9,6И уште рече Хирам: „Благосло­вен Господ, Бог Израелов, Кој го создал не­бото и земјата и му дал на Давид мудар син, учен и разумен, кој се готви да Му гради дом на Господ и дом царски за себеси. 12#1 Цар 7,13Па така, ти испраќам човек, надарен со знаења, слугата мој Хи­рам-Авиј, 13#2 Мојс 31,6; 35,31.35син на жена од Дановите ќерки, а од татко Тирец; тој знае да прави изработки од злато и од сребро, од ба­кар и од железо, од камен и од дрво, од пурпурна и сина преѓа, од висон и од багреница и да реже секаква резба и да прави сѐ што ќе му биде порачано, заедно со твоите уметници и со уметниците на мојот господар Давид, твојот татко. 14#Езд 3,7А пченицата и јачменот, маслото и виното, што ги ветуваш, испрати ги, господаре мој, на своите слуги. 15#Ис.Н. 19,46Ние, пак, ќе насечеме дрва од Ли­ван колку што треба, и ќе ги до­несеме на скели по морето во Јафа, и ти ќе ги пренесеш горе во Ерусалим.“
Почеток на градење на храмот
(1 Цар 6,1-38)
16 # 2 Сам 24,2; 1 Лет 22,2 И ги собра Соломон сите придојдени, што беа тогаш во израелската земја, според пописот што го беше направил татко му Давид, – и излегоа сто педесет и три илјади и шестотини. 17Од нив Соломон определи седум­десет илјади за носачи, осумдесет илјади за каменоделци во горите и три илјади и шестотини за надгледници, за да настојуваат народот да работи.

Селектирано:

2 Летописи 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се