1 Тимотеј 2
2
Молитва за луѓето на власт
1 #
Ефес 6,18; Фил 4,6 Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: 2#Рим 13,1-7; Тит 3,1за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство. 3#1 Птр 3,9Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог, 4#Ез 18,23; Јн 8,32Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. 5#Рим 3,29.30; 1 Кор 8,6; Евр 8,6; 9,15; 12,24Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус, 6#Мт 20,28; 2 Кор 5,15; Гал 1,4; Ефес 5,2; Тит 2,14Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време; 7#1,11; Дела 9,15; Гал 2,7-8; 2 Тим 1,11па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.
За мажите и жените
8Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии. 9#Ис 3,16; 1 Птр 3,2-4Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки, 10#5,10туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста. 11#1 Мојс 3,16; 1 Кор 14,34-35Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост. 12#1 Кор 11,3На жената не ѝ допуштам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. 13#1 Мојс 2,18-24; 1 Кор 11,8-9Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева; 14#1 Мојс 3,6; 2 Кор 11,3и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап. 15#1 Кор 13,13Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.
Селектирано:
1 Тимотеј 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006