Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Тимотеј 1:12-17

1 Тимотеј 1:12-17 MK2006

Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, заш­то сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба, мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, би­деј­ќи тоа го правев без да знам, во неверие. Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ. Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас. Па затоа бев помилуван, за да ја по­каже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот ве­чен. А на Царот на вековите, на Не­рас­падливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог – нека е чест и слава во сите векови. Амин!