А за времињата и часовите, браќа, нема потреба да ви се пишува, бидејќи вие самите многу добро знаете: денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време. И додека уште велат: „Мир и безбедност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат. Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да може да ве затече како крадец. Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината. И така, да не спиеме како и другите, туку да бидеме будни и трезни. Зашто оние што спијат, ноќе спијат, и оние што се опиваат, ноќе се опиваат. Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и облечени во оклопот на верата и љубовта и шлемот на надежта за спасение, зашто Бог нѐ определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос, Кој умре за нас, та ние да живееме заедно со Него, било кога сме будни, или кога спиеме. Поради тоа утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг онака како што и правите!
Прочитај 1 Солуњаните 5
Слушај 1 Солуњаните 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Солуњаните 5:1-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа