Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солуњаните 2:1-16

1 Солуњаните 2:1-16 MK2006

Вие сами знаете, браќа, дека на­шето доаѓање кај вас не беше залудо; напротив, откако пострадавме и бев­ме поругани во Филипи, како што зна­ете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Еван­ге­лие со тешка борба. Зашто нашиот поттик не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство, туку, како што Бог нѐ удостои да ни Го довери Евангелието, така и зборува­ме – не за да им угодуваме на луѓето, ту­ку на Бога, Кој ги испитува срцата на­ши. Зашто никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови, како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок! И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други, иако можевме и да се наметнеме ка­ко Христови апостоли. Но сепак ние бев­ме меѓу вас така нежни, како што се од­несува мајката кога ги дои своите де­ца. Така полни со љубов кон вас, бевме готови да ви го предадеме не само Еван­гелието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги. Спомнете си браќа за нашиот труд и ма­ка: работејќи дење и ноќе за да не му додеваме никому од вас, ние ви Го про­поведавме Евангелието Божјо. Сведоци сте вие, како и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате. Зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои, ние го поттикнувавме и утешувавме и преколнувавме да живее достојно за Бога, Кој ве повикал во Своето царство и слава. Затоа и непрестано Му благодариме на Бога, зашто, откако го при­мив­те словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку – како што е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои верувате. Вие, браќа, станавте подржаватели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите сонародници, како и оние од Јудејците што ги убија Господ Исус и проро­ците, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат; тие што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна на крај.