Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, благодат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос! Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано, го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш. Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани, зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: сами знаете какви бевме меѓу вас заради вас. И вие се угледавте на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух, така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја. Зашто од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме. Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог, и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.
Прочитај 1 Солуњаните 1
Слушај 1 Солуњаните 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Солуњаните 1:1-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа