Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 31

31
Саул умира
1 # 1 Лет; 10,1-12 А Филистејците војуваа против Израелците, и мажите израел­ски избегаа од Филистејците и паднаа победени на планината Гелвуја. 2#14,49; 1 Лет 8,33Филистејците го стигнаа Саул и синовите негови; Филистејците ги убија Јонатан, Авинадав и Мелхисуј, Саулови синови. 3#2 Сам 6,8Битката против Саул стана жестока, и стрели од лакови го погодуваа; тој беше тешко ранет од стрелите. 4#Суд 9,54; 2 Сам 1,14; 1 Лет 10,4Тогаш Саул му рече на оруженосе­цот свој: „Извади го мечот и убиј ме со него да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со мене.“ Но оруженосецот не сакаше, бидејќи многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него. 5#1 Лет 10,5Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него. 6#1 Лет 10,6.13Така умреа во тој ден Саул и трите синови негови и оруженосецот негов, а исто така и сите луѓе негови заедно. 7#1 Лет 10,7Израелците кои живееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа дека луѓето израелски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив. 8#1 Лет 10,8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги ограбуваат убиените и го најдоа Саул и тројцата синови што беа паднале на планината Гелвуја. 9#2 Сам 1,20; 1 Лет 10,9Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот; 10#2 Сам 21,9; 1 Лет 10,10и го положија оружјето негово во идолското светилиште на Аштарта, а телото негово го закачија на ѕидините од градот Бет-Шан. 11#1 Лет 10,11Жителите на Јавеш Галаадски слушнаа за тоа што го направија Филис­тејците со Саул; 12#2 Сам 2,5-6; 1 Лет 10,12се кренаа сите силни луѓе, одеа цела ноќ, го зедоа телото на Саул и телата на синовите негови од ѕидот во Бет-Шан, дојдоа во Јавеш и таму ги изгореа; 13#2 Сам 1,12ги зедоа коските нивни и ги погребаа под омориката во Јавеш, и постеа седум дена.

Селектирано:

1 Самоилова 31: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност