Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 30

30
Циклаг освоен и изгорен. Давид ги гони Амаликијците
1 # 27,8; 2 Мојс 17,8-16; 5 Мојс 25,17-19 На третиот ден, откако Давид и луѓето негови тргнаа за Циклаг, Амаликијците го нападнаа Циклаг од југ, го презедоа и го изгореа со оган; 2жените, пак, и сите што беа во него, од мал до голем, не ги убија, туку ги одведоа во плен и отидоа по патот свој. 3Се приближи Давид и луѓето негови до градот, и ете, тој е изгорен со оган, а жените нивни, синовите нивни и ќер­ките нивни се земени во плен. 4Давид и народот што беше со него, почнаа да викаат и да плачат, додека имаше сила во нив за плачење. 5#25,42-43; 27,3; 2 Сам 2,2-3Беа земени во плен и двете жени Давидови: Ахиноам, јизреелката, и Авигеја, поранешната Навалова жена, од Кармил. 6Давид беше многу збунет, бидејќи народот сакаше да го убие со камења; зашто сиот народ страдаше во душата, секој за синовите свои и за ќерките свои. 7#22,20-23Но Давид се закрепи со надежта во Господ, својот Бог; и му рече Давид на свештеникот Авијатар, синот на Ахи­мелех: „Донеси ми го ефодот.“ И Авијатар му го однесе ефодот на Давид. 8#23,9-13Давид Го праша Господа, велејќи: „Да го гонам ли тоа мноштво, и ќе ги стигнам ли?“ А одговорот му беше: „Гони, ќе стигнеш и ќе ги избавиш.“ 9#30,21И тргна Давид, тој и шестотини мажи што беа со него; и дојдоа до пото­кот Бесор, каде што изморените застанаа. 10#22,2; 25,13И ги гонеше Давид, тој сам со четиристотини души; а двестете души останаа, зашто немаа сила да го преминат Бесорскиот поток. 11Најдоа еден Египќанин во полето, го доведоа кај Давид, му дадоа леб да јаде, и го напоија со вода; 12и му дадоа дел од низа смокви и два грозда суво грозје, и тој јадеше и се поткрепи, зашто не беше јадел леб и не беше пиел вода три дни и три ноќи. 13Тогаш Давид го праша: „Чиј си ти и од каде си?“ Тој одговори: „Јас сум момок Египќанец, слуга на еден Ама­ликиец, и мојот господар ме остави, бидејќи се разболев, има веќе три дни; 14#27,10ние навлеговме во јужниот дел од територијата на Керетијците и во областа Јудина и во јужниот дел од те­риторијата на Халев, а Циклаг го изго­ревме со оган.“ 15А Давид го запраша: „Ќе ме од­ведеш ли до тие луѓе.“ Тој одговори: „Заколни ми се во Бога дека нема да ме убиеш и нема да ме предадеш во рацете на господарот мој, и јас ќе те одведам до тие луѓе.“
Давид ги победува Амаликијците
16Давид му се заколна, и тој ги поведе. И ете, Амаликијците, распрс­нати по целата таа земја, јадеа и пиеја и празнуваа поради големиот плен што го беа зеле од земјата филистејска и од земјата јудејска. 17И ги нападна и ги убиваше Давид од утринските мугри до вечерта на другиот ден, и никој од нив не се спаси, освен четиристотини момчиња што се качија на камили и избегаа. 18И Давид одзеде сѐ што беа зеле Амаликијците, ги зеде Давид и двете жени свои, 19#30,8и не се изгуби кај нив ништо, ни мало, ни големо, ни синови, ни ќерки, ни пленот – ништо од она што го беа зеле од нив Амаликијците: сѐ врати Давид. 20И Давид го зеде сиот ситен и крупен добиток; и неговите луѓе одеа пред тој добиток и говореа: „Ова е Давидов плен.“ 21#30,10Давид дојде кај оние двесте души, кои немаа сила да одат по нив, и кои ги беше оставил кај потокот Бесор, и тие излегоа да го пречекаат Давида и луѓето, кои беа со него. Давид се приближи до тие луѓе и ги поздрави. 22Тогаш лошите и неранимајковците што беа оделе со Давид, почнаа да зборуваат: „Поради тоа што тие не одеа со нас, нема да им дадеме од пленот што го одзедовме; секој нека си ја земе само жената и децата и да си оди.“ 23#14,10Но Давид рече: „Не правете така, браќа мои, откако Господ ни го даде тоа и нѐ зачува и ни го предаде во рацете мноштвото луѓе што доаѓаше против нас. 24#4 Мојс 31,27; Ис.Н. 22,8И кој ќе ве послуша во тоа? Каква е честа на оние што одеа во војна, таква чест треба да има и за оние што останаа во логорот; меѓу сите треба да се подели.“ 25Така стана тоа, од тоа време и понатаму; и тој го постави тоа како закон и правило за Израел до денес. 26И дојде Давид во Циклаг и од пленот им испрати на старешините Јудини, свои пријатели, велејќи: „Ете ви подарок од пленот, земен од непријателите Господови.“ 27Им испрати и на оние што се во Ветил и во Рамот во Негев, и во Јатир, 28во Ароер, во Шифемот, и на оние во Ештемоа, 29#27,10на оние во Рахал и во градовите је­рахмелитски и кениски, 30во Хорма, во Бор-Ашан и во Атах 31и во Хеврон, и по сите места, каде што Давид беше одел, тој и луѓето негови.

Селектирано:

1 Самоилова 30: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се