Момчето Самоил Му служеше на Господ под надзор на Илиј. Словото Господово беше ретко во тие денови и немаше виденија. И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, а очите негови беа почнале да му слабеат, и тој не можеше да гледа, и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самоил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Божји; Господ повика кон Самоил. Тој одговори: „Еве ме!“ И дотрча кај Илиј и рече: „Еве ме! Зошто ме викаше?“ Но тој одговори: „Јас не сум те викал; оди легни си!“ И тој отиде и си легна. Но Господ повика по вторпат кон Самоил. Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Но тој рече: „Јас не сум те викал, синко; оди легни си!“ Самоил дотогаш не го познаваше гласот на Господ, зашто уште не му се беше открило словото Господово. Викна Господ кон Самоил и третпат. Тој стана и отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Тогаш Илиј разбра дека Господ го вика момчето.
Прочитај 1 Самоилова 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Самоилова 3:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа