Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 27

27
Давид се засолнува кај Филистејците
1И Давид рече во срцето свое: „Ќе паднам некогаш во рацете на Саул; за мене ништо подобро, освен да избегам во филистејската земја; и Саул ќе престане да ме бара веќе по сите израелски предели, и јас ќе се спасам од рацете негови.“ 2#21,11; 1 Цар 2,39Тогаш Давид стана и отиде, тој и шестотини мажи, кои беа со него, кај гатскиот цар Анхус, син Моанов. 3#25,42-43; 30,5; 2 Сам 2,2; 3,2-3И Давид живееше кај Анхус во Гет, тој и луѓето негови, секој со челадта своја; Давид и двете жени негови – јиз­реелката Ахиноам и кармелитката Авигеја, поранешната Навалова жена. 4Му јавија на Саул дека Давид избегал во Гет, и тој веќе не го бараше. 5И Давид му рече на Анхус: „Ако сум се здобил со милост во очите твои, нека ми биде дадено место во еден мал град, и јас ќе живеам таму; зошто твојот роб да живее во царскиот град заедно со тебе?“ 6Тогаш Анхус му го даде градот Циклаг; затоа Циклаг и остана за царевите јудејски до денес. 7Сето време што Давид го помина во филистејската земја, беше година и четири месеци. 8#30,1-20; 2 Мојс 17,8-16; 5 Мојс 25,17-19; 1 Лет 12,1И Давид излегуваше со луѓето свои и ги напаѓаше Гесуријците, и Гезерците и Амаликијците, кои одамна ја населуваа таа земја до Сур и сѐ до египетската земја. 9#15,7; 5 Мојс 25,19И Давид ја опустошуваше таа земја и не оставаше живи ни мажи, ни жени, и заграбуваше овци и волови, и магариња и камили и облека и се враќаше и доаѓаше кај Анхус. 10#30,14И Анхус го праша Давид: „Каде нападнавте денес?“ Давид одговори: „Кон јужната страна на Јудеја, кон југ на Јерахмеел и кон јужната страна на кениската територија.“ 11Давид не оставаше живи ни мажи, ни жени, и не ги доведуваше во Гет, велејќи: „Тие можат да нѐ наклеветат, и да кажат: тоа и тоа го направи Давид, и такви му се постапките за сето време, додека живееше во филистејската земја.“ 12А Анхус имаше целосна доверба во Давид, велејќи си: „Тој стана омразен кај народот свој Израел и затоа ќе ми биде слуга засекогаш.“

Селектирано:

1 Самоилова 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност