Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 22

22
Давид станува водач на една дружина
1 # Ис.Н. 12,15; 15,35; 2 Сам 23,13; 1 Лет 11,15 И Давид отиде оттаму и избега во Адуламската пештера, а кога слушнаа браќата негови и сиот татков дом негов, дојдоа таму кај него. 2#23,13; Суд 11,3Се собраа кај него сите подјармени, сите должници и сите душевно огор­чени, и тој им стана началник; и со него беа околу четиристотини души. 3#2 Сам 15,25-26Оттаму Давид отиде во Мицпа, град моавски, и му рече на моавскиот цар: „Татко ми и мајка ми нека останат кај вас, додека да разберам што ќе направи Бог со мене.“ 4#24,23; 2 Сам 5,17; 23,14; 1 Лет 11,16И ги доведе кај моавскиот цар, и тие живееја кај него за сето време додека Давид беше во она прибежиште. 5#2 Сам 24,11; 1 Лет 21,9; 29,29; 2 Лет 29,25Но пророкот Гад му рече на Давид: „Не останувај во ова прибежиште, туку оди, оди во земјата Јудина.“ И Давид замина и отиде во гората Херет.
Саул наредува да се убијат свештениците во Нов
6Саул слушна дека Давид се појавил со луѓето што беа со него. Саул тогаш седеше во Гива, под омориката на ридот, со копје во раката, и опколен од сите свои слуги. 7#8,12.14И им рече Саул на слугите свои што беа околу него: „Чујте, Венијаминови синови! Зарем Јесеевиот син ќе ви даде на сите вас ниви и лозја и сите вас ќе ве постави за илјаданачалници и заповедници над сто војници, 8та сите сте се здоговориле против мене, и никој не ми јави, кога синот мој се спријателил со синот на Јесеј, и никој од вас не ме пожали и не ми соопшти дека син ми го поттикнал против мене мојот слуга да ми поставува стапици, како што се гледа сега?“ 9#21,2-10; Пс 52,1Едомецот Доег, кој стоеше со Сау­ловите слуги, одговори и рече: „Јас видов, кога Јесеевиот син доаѓаше во Нов кај Ахимелех, синот на Ахитув, 10и тој Го праша за него Господ, му даде храна, му го даде и мечот на Фи­листеецот Голијат.“ 11Тогаш испрати царот да го по­викаат свештеникот Ахимелех, синот Ахитувов, и целиот татков дом негов, свештениците што беа во Нов. И сите тие дојдоа кај царот. 12Саул рече: „Слушни, сине Ахиту­вов!“ Тој одговори: „Еве ме, господаре.“ 13А Саул го запраша: „Зошто сте се договориле против мене, ти и Јесеевиот син, та си му дал лебови и меч и си Го прашал Бога за него за да стане против мене и да ми поставува стапици, како што се гледа сега?“ 14#19,4-5Ахимелех му одговори на царот и рече: „Кој од сите твои робови е толку верен како Давид? Тој е и царев зет, и исполнител на твоите заповеди, и почитуван во домот твој? 15Сега за првпат ли Го прашувам Бога за него? Но не обвинувај го во тоа, царе, слугата свој и целиот дом на мојот татко, зашто во целата таа работа твојот слуга не знае ништо, ниту мало, ниту големо.“ 16Но царот му рече: „Ахимелех, ти треба да умреш, ти и целиот дом на твојот татко.“ 17#2 Цар 10,25И царот им рече на телохра­нителите што стоеја до него: „Одете, убијте ги свештениците Господови, за­што и нивната рака е со Давид, и тие знаеја дека тој избегал, а не ни јавија.“ Но царските слуги не сакаа да кренат раце за да ги убијат свештениците Господови. 18#2,18.31; 2 Сам 6,14; 1 Лет 15,28Тогаш царот му рече на Доег: „Оди ти и убиј ги свештениците!“ И Доег Едомецот отиде, ги нападна свештени­ците и во тој ден уби осумдесет и пет мажи што носеа ленен ефод, 19го нападна со меч и Нов, свеште­ничкиот град; уби со меч мажи и жени, момчиња и девојчиња, волови, магариња и овци. 20#2,31-33; 1 Цар 2,27Се спаси само еден од синовите на Ахимелех, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега кај Давид. 21Авијатар му раскажа на Давид дека Саул ги уби свештениците Господови. 22А Давид му рече на Авијатар: „Јас знаев оној ден, кога таму беше Едомецот Доег дека тој бездруго ќе му јави на Саул; јас сум виновен за сите души од домот на твојот татко. 23#2 Сам 20,25; 1 Цар 2,26-27Остани кај мене, не плаши се, зашто како што ја бара душата моја, ќе ја бара и твојата душа; ти ќе бидеш кај мене под заштита.“

Селектирано:

1 Самоилова 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се