Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 12

12
Говорот на Самоил пред Израелците
1 # 8,7.9.22; 10,24; 11,14-15 И Самоил му рече на сиот Израел: „Ете, јас го послушав ва­шиот глас во сѐ што ми рековте, и ви поставив цар, 2#8,1.5.20и еве, царот оди пред вас: а јас остарев и побелев; и синовите мои се со вас. Јас, пак, одев пред вас од мојата рана младост до денес. 3#2 Мојс 20,17; 4 Мојс 16,15; 35,31-32; 5 Мојс 16,19; Амос 4,1; Дела 20,33Па еве ме, сведочете против мене пред Господ, и пред Неговиот помаза­ник: кому сум зел вол, кому сум зел магаре, кого сум измамил и кого сум потискал, од кого сум зел дар и сум ги затворил очите пред делото негово, јас ќе ви го вратам.“ 4И одговорија: „Ти не си нѐ измамувал, ниту си нѐ измачувал и од никого ништо не си зел.“ 5#Дела 24,20И тој им рече: „Сведок против вас е Господ, сведок е и помазаникот Негов во овој ден дека не најдовте ништо против мене.“ И тие одговорија: „Сведок е.“ 6#2 Мојс 6,26Тогаш Самоил му рече на народот: „Сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеј и Арон и Кој ги изведе вашите предци од египетската земја. 7#Суд 5,11; Ис 1,18; Мих 6,1-5А сега застанете, и јас ќе се судам со вас пред Господ за сите добри дела што Тој ви ги направи вам и на предците ваши. 8#2 Мојс 1,8-12; 2,23; 3,7-10; 4,14-16; 4,27-30Кога Јаков дојде во Египет, и предците ваши почнаа да повикуваат кон Господ, Господ ги испрати Мојсеј и Арон, и тие ги изведоа предците ваши од Египет и ги населија на ова место. 9#Суд 3,12-14; 4,1-2; 10,7; 13,1Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Сисе­ра, асирскиот војвода, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив. 10#Суд 10,10.15А кога повикаа пак кон Господ и рекоа: ‚Згрешивме што Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на Вааловци и на Аштарти, спаси нѐ сега од рацете на непријателите наши, и ние ќе Ти служиме Тебе.‘ 11#Суд 6–8; 11,1–12,7Тогаш Господ ги испрати Јероваал и Бедан, Ефтај и Самоил и ве спаси од рацете на околните непријатели ваши, и вие живеевте во мир. 12#8,6.19; 11,1; Суд 8,23Но кога видовте дека амонскиот цар Нахас оди против вас, вие ми реков­те: Не, нека владее цар над нас, иако Господ, вашиот Бог, е ваш Цар. 13#8,5; 10,24; Ос 13,11И така, еве го царот што го избрав­те, кого го сакавте; ете, Господ ви по­стави цар. 14#5 Мојс 9,23; 13,5; Ис.Н. 24,14Ако се однесувате со почит кон Господ и Му служите, ако го слушате гласот Негов и не се противите на запо­ведите Господови, вие и царот ваш, кој владее над вас, ќе одите по Господ, вашиот Бог; 15#5 Мојс 1,26.43; 2,15; 28,15; Ис.Н. 24,20; Суд 2,15ако, пак, не го слушате гласот Господов и почнете да се противите на заповедите Господови, раката на Господ ќе биде против вас, и против вашиот цар. 16#2 Мојс 14,13.31А сега станете и погледнете го големото дело, што Господ го изврши пред очите ваши: 17#7,9-10; 2 Мојс 19,19; Суд 6,36-40нели е сега пченична жетва? Но јас ќе Го повикам Господа, и Тој ќе испра­ти гром и дожд, и вие ќе дознаете и ќе видите, колку е големо злото што го направивте пред очите на Господ, барајќи за себе цар.“ 18#2 Мојс 14,31; Ис.Н. 4,14И Самоил Го повика Господа, и Господ испрати гром и дожд во тој ден; и сиот народ многу се исплаши од Господ и од Самоил. 19#2 Мојс 9,28; Јк 5,15И сиот народ му рече на Самоил: „Помоли се за слугите свои пред Гос­под, твојот Бог, за да не умреме; зашто кон сите гревови наши додадовме уште едно зло, кога баравме за себе цар.“ 20#5 Мојс 4,29; 6,5; 11,13; Ер 29,13А Самоил му одговори на народот и рече: „Не плашете се, вие го направивте, вистина, тоа зло, но само не отстапувајте од Господ, и служете Му на Господ од сѐ срце, 21#5 Мојс 11,16; Ис 41,29; 44,9-10; Ер 2,11; 16,19; Авак 2,18и не одете по ништожни богови, кои нема да ви донесат корист и нема да ве спасат, бидејќи се бесполезни. 22#5 Мојс 26,16-19; 27,9-10; Ис.Н. 7,9; 1 Цар 6,13; Ез 20,9.14; 20,44; Пс 79,9; 94,14А Господ нема да го остави народот Свој заради Своето големо име, бидејќи на Господ Му беше мило да ве избере за Свој народ; 23#2,30; 20,2.9; 1 Мојс 44,7.17; Ис.Н. 24,16; 1 Цар 8,36; Рим 1,9; Кол 1,9; 2 Тим 1,3исто така и јас нема да си дозволам грев пред Господ да престанам да се молам за вас, и ќе ви го покажувам добриот и правиот пат. 24#5 Мојс 10,21; Јоил 2,21; Пс 126,2-3; Проп 12,13Само однесувајте се со страхопочит кон Господ и служете Му вистински од сето свое срце, зашто видовте какви големи дела изврши Тој со вас; 25#1 Мојс 19,15.17; 4 Мојс 16,26; 5 Мојс 30,17-18; Ис.Н. 24,20ако пак правите зло, тогаш и вие и царот ваш ќе загинете.“

Селектирано:

1 Самоилова 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се