Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Самоилова 10:1-14

1 Самоилова 10:1-14 MK2006

И зеде Самоил сад со масло, го излеа врз главата негова, го бакна и рече: „Еве, Господ те помаза за владетел на Своето наследство. И, кога ќе тргнеш сега од мене, ќе сретнеш два човека близу до Рахили­ниот гроб, во Венијаминовите предели, во Целцах, и тие со радост ќе ти кажат: ‚Се најдоа магариците што одеше да ги бараш, и ете, татко ти, заборавајќи ги магариците, се обеспокои за вас, веле­јќи: Што стана со синот мој?‘ Откако ќе отидеш понатаму и ќе дојдеш кај Таворскиот даб, и таму ќе те сретнат тројца луѓе, кои одат кај Бога во Ветил: едниот носи три јариња, другиот носи три леба, а третиот носи мев со вино. И тие ќе те поздрават и ќе ти ги дадат двата леба, и ти ќе ги земеш од рацете нивни. Потоа ќе дојдеш на Божјиот рид, каде што е филистејската стража; и кога ќе влезеш таму во градот, ќе срет­неш група пророци, кои слегуваат од ридот, и пред нив псалтир и тимпани, свирки и харфи, и ќе пророкуваат; и Духот Господов ќе слезе врз тебе, и ти ќе пророкуваш заедно со нив и ќе станеш друг човек. Кога ќе ги препознаеш овие знаци, тогаш прави она што може раката тво­ја, зашто со тебе е Бог. Оди пред мене во Гилгал, каде што и јас ќе дојдам кај тебе за да принесам жртва сепаленица и жртви за благодарност. Седум дена чекај, додека да дојдам кај тебе, и тогаш ќе ти кажам што да правиш.“ И штом Саул се сврте за да си оди од Самоил, Бог му даде друго срце, и сите оние знаци се збиднаа во истиот ден. Кога дојде до ридот, ете, го пресретна групата пророци, и Духот Божји слезе врз него, и тој пророкуваше меѓу нив. Сите што го познаваа до вчера и завчера, откако видоа дека тој пророкува со пророците, си велеа еден на друг: „Што се случило со Кисовиот син? Зар и Саул е меѓу пророците?“ И еден од оние што беа таму, одго­вори и рече: „Па кој е нивниот татко?“ Затоа излезе изрека: „Зар и Саул е меѓу пророците?“ И тој престана да пророкува и отиде на ридот. А Сауловиот чичко го праша него и слугата негов: „Каде одевте?“ Тој одго­вори: „Па ги баравме магариците, но, откако видовме дека ги нема, навративме кај Самоил.“