1 Петар 4
4
Изменет начин на живеење
1 #
2,21; 3,18; Рим 6,2.7 Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пострада со телото, тој прекинал со гревот, 2#2,11; Рим 7,14; 1 Јн 2,16-17та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја. 3#1,14; Рим 1,29; Ефес 2,1-3; 4,17-18; Тит 3,3Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство. 4Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас. 5#Дела 10,42; 2 Тим 4,1Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мртвите. 6#3,19; Рим 1,9; 2 Кор 5,5Зашто и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.
Бодрост во христијанската заедница
7 #
1,5-7; 4,17; Рим 13,11.12; 2 Кор 6,2 Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. 8#Изреки 10,12; Лк 7,47; Јк 5,20А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ 9Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. 10#Лк 12,42-48; Рим 12,6-8; 1 Кор 12,4-7Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат. 11#Рим 9,5; 1 Кор 10,31Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој служи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин.
Блаженството ветено на прогонуваните
12 #
1,6-7; 3,14 Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува. 13#Мт 5,11-12; Рим 5,3-5; Кол 3,4; Јк 1,2-3Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите. 14#2,20; 3,14.17; Ис 11,2; Пс 89,50.51А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате. 15Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ниту како оној што се меша во туѓи работи; 16#Дела 11,26но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество. 17#2,8; Ер 25,29; Лк 23,31; 2 Сол 1,8Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие? 18#Изреки 11,31И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожниците и грешниците!? 19#Пс 31,5; Лк 23,46И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.
Селектирано:
1 Петар 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006