Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 2:1-10

1 Петар 2:1-10 MK2006

Отфрлете, пак, од себеси секаква пакост и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секакво клеветење, како новородени деца бидете желни за вистинско и духовно млеко, та во него да пораснете за спасение, бидејќи вкусивте дека Господ е добар. Пристапете кон Него, живиот ка­мен, од луѓето отфрлен, но од Бога из­бран, драгоцен, вие кои како живи камења сте вгра­дени во духовен дом, свештенство све­то, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос. Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион поставувам камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!“ Вам, пак, кои верувате, Тој ви е чест, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“, камен од кој тие се сопнуваат и ка­мен на кој паѓаат, зашто не му се покоруваат на словото; за тоа се тие и одредени. Но вие сте избран род, царско свеш­тенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина; вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте по­милувани, а сега сте помилувани.