1 Царевите 6
6
Изградба на храмот
(2 Лет 3,1-14)
1 #
Езд 3,8-9; 5,1–6,15 Во четиристотини и осумдесеттата година по излегувањето на Израеловите синови од египетската земја, во четвртата година на Соломоновото царување над Израел, во месец зиф, кој е втор месец, Соломон почна да Му гради храм на Господ. 2А храмот што цар Соломон Му го изгради на Господ, беше долг шеесет лакти, широк – дваесет и висок – триесет лакти; 3тремот пред храмот беше долг дваесет лакти, според ширината на храмот, и широк – десет лакти пред храмот. 4Во храмот тој направи прозорци, затворени со решетки. 5И направи доградба околу ѕидовите на храмот, околу светилиштето и Светињата над светињите; а направи и странични соби наоколу. 6Долниот кат на зградата беше широк пет лакти, средниот широк – шест лакти, а третиот – широк седум лакти; зашто околу храмот надвор беа направени растојанија за доградба да не допираат до ѕидовите на храмот. 7Кога се градеше храмот, за градење се употребуваа готови изделкани камења, така што за време на градењето на храмот не се слушаше, ни чекан, ни тесла, ниту некакво друго железно орудие. 8Вратата на средниот кат беше десно од храмот. По тркалезни скали се искачуваа на вториот кат а од вториот – на третиот. 9Така го изгради тој храмот, го изгради и го обложи со кедрови штици. 10И догради до целиот храм странични соби, високи пет лакти; тие беа прикрепени кон храмот со кедрови греди. 11Тогаш словото Господово дојде кон Соломон, и му беше речено: 12„Ете, ти градиш храм: ако одиш по Моите закони, ако постапуваш по Моите наредби и ако ги пазиш сите Мои заповеди, управувајќи се според нив, Јас ќе го исполнам врз тебе словото Свое што му го бев кажал на татко ти Давид; 13#3 Мојс 15,31и ќе живеам среде Израеловите синови и нема да го оставам Мојот народ Израел.“
Внатрешно уредување на храмот
14И така, Соломон го изгради храмот и го заврши. 15Ги обложи ѕидовите на храмот однатре со кедрови штици; од подот до таванот ги обложи однатре со дрво, а подот на храмот го покри со кипарисови штици. 16А во задната страна на храмот на дваесет лакти од крајот, издигна ѕид и ги обложи ѕидовите и подот со кедрови штици, и направи простор за Светињата над светињите. 17А храмот, само предниот дел на храмот, имаше четириесет лакти. 18По кедарот однатре имаше резби, слични на краставички и распукнати цветови; сѐ беше покриено со кедар; камен не се гледаше. 19#2 Мојс 26,33-34А внатре во храмот тој ја направи Светињата над светињите за да го постави таму ковчегот на заветот Господов. 20Светињата над светињите беше долга дваесет лакти, широка дваесет лакти, и висока дваесет лакти; тој ја опкова со чисто злато; исто така го опкова и кедровиот жртвеник. 21Одвнатре, Соломон го опкова храмот со чисто злато, и протегна златни вериги пред Светињата над светињите и го опкова со злато. 22#2 Мојс 30,1-3Целиот храм тој го обложи со злато, целиот храм докрај, и целиот жртвеник што е пред Светињата над светињите, го опкова со злато. 23#2 Мојс 25,18-22; 2 Лет; 3,10-11А во Светињата над светињите направи два херувима од маслиново дрво, високи по десет лакти. 24Едното крило на херувимот беше долго пет лакти и другото крило на херувимот – пет лакти; десет лакти имаше од едниот крај на крилјата негови до другиот крај на крилјата негови. 25Десет лакти имаше и другиот херувим; еднаква мерка и еднаков облик имаа двата херувима. 26Височината на едниот херувим беше десет лакти, исто така и на другиот херувим. 27Тој ги постави херувимите среде Светињата над светињите. А крилјата на херувимите беа раширени, и крилото на едниот се допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид; другите нивни крилја пак се среќаваа крило со крило среде просторијата. 28Тој ги обложи херувимите со злато. 29#Ез 41,18И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор. 30И подот на храмот го опкова со злато во внатрешниот и предниот дел. 31За влез во Светињата над светињите тој направи врата од маслиново дрво со петоаголни спојки. 32На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвеќиња и ги обложи со злато; ги покри со злато и херувимите и палмите. 33И пред влезот на храмот тој направи четириаголни столбови од маслиново дрво 34и две врати од кипарисово дрво; двете половинки на едната врата беа подвижни, и двете половинки на другата врата исто така беа подвижни. 35Издлаби по нив херувими, палми и расцутени цвеќиња и ја обложи резбата со злато. 36И внатрешниот двор го загради од три реда делкани камења и од еден ред кедрови греди. 37На четвртата година, во месецот зиф, тој ги беше положил основите на храмот Господов, 38а на единаесеттата година, во месецот бул, тоа е осмиот месец, – тој го заврши храмот со сите негови делови и според сите негови преднацрти. Соломон го градеше храмот седум години.
Селектирано:
1 Царевите 6: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006