1 Царевите 5
5
1 #
1 Мојс 15,18; 2 Лет 9,26 Соломон владееше со сите царства од реката Еуфрат до филистејската земја и до границата на Египет. Тие принесуваа дарови и му служеа на Соломон во сите дни на неговиот живот. 2Потребите од храна за Соломон и за неговиот персонал за еден ден беа: триесет кори пченично брашно и шеесет кори друго брашно, 3десет одбрани телиња и дваесет згоени волови и сто овци, а освен елени и срни, и диви кози и птици; 4зашто тој господареше над целата земја од оваа страна на Еуфрат, од Тифса до Газа, над сите цареви од оваа страна на реката, и имаше мир со сите околни земји. 5#Мих 4,4; Зах 3,10И живееја Јудејците и Израел спокојно, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Вирсавија, преку сите Соломонови дни. 6Соломон имаше четириесет илјади коњи за коли и дванаесет илјади за коњицата. 7И управниците му доставуваа на цар Соломон сѐ што требаше за царската трпеза, секој во својот месец, и не дозволуваа да има недостиг од нешто. 8Исто така и јачмен, и слама за коњите и за маските доставуваше секој навремено во местото, каде што се наоѓаше царот. 9#Проп 1,16А Бог му даде на Соломон мудрост, многу голем разум и широчина на срцето како песокот на морскиот брег. 10И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египќаните. 11#1 Лет 2,6Тој беше помудар од сите луѓе, помудар и од Етан Езрахиецот и од Хеман, и од Калкол и од Дарда, синови на Махол, и името негово се славеше по сите околни народи. 12#Изреки 1,1; 10,1; 25,1; Песна 1,1Тој изрече три илјади мудри изреки, а песните негови беа илјада и пет; 13тој говореше и за дрвјата, од кедар што е во Ливан, до исопот што никнува по карпите; тој говореше и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите. 14И од сите народи доаѓаа да ја чујат Соломоновата мудрост, и сите земни цареви што беа слушнале за неговата мудрост.
Подготовка околу изградбата на храмот
(2 Лет 2,1-17)
15 #
2 Сам 5,11
Хирам, тирскиот цар, ги испрати слугите свои кај Соломон, откако слушна дека го помазале за цар на местото на татко му, зашто Хирам беше Давидов пријател во текот на целиот негов живот. 16А и Соломон испрати да му кажат на Хирам: 17„Ти знаеш дека татко ми Давид не можеше да изгради дом за името на Господ, својот Бог, поради војните со околните народи, додека Господ не ги покори под нозете негови; 18но сега Господ, мојот Бог, ми даде спокојство од сите страни: нема противник и нема веќе стапици. 19#2 Сам 7,12-13И, ете, јас имам намера да изградам дом за името на Господ, мојот Бог, како што му беше рекол Господ на татко ми Давид, велејќи: ‚Твојот син, кого што ќе го поставам на твојот престол место тебе, ќе изгради дом за Моето име.‘ 20#2 Лет; 2,7-11#Езд 3,7Затоа, заповедај да ми насечат кедрово дрво од Ливан; и ете, моите слуги ќе бидат заедно со твоите слуги, како ти што ќе определиш, зашто знаеш дека кај нас нема луѓе, кои умеат да сечат дрва така, како Сидонците.“ 21Кога Хирам ги слушна зборовите од Соломон, многу се зарадува и рече: „Благословен нека е денес Господ, Кој му даде на Давид мудар син за да управува со тој многуброен народ!“ 22И Хирам испрати кај Соломон да кажат: „Го сослушав тоа, за кое ти беше испратил порака до мене; ќе ја исполнам твојата желба за кедровото дрво и кипарисовото: 23слугите мои ќе ги довлечкаат од Ливан до морето, и на сплавови ќе ги дотераат по море до местото што ќе ми го определиш; таму ќе ги растоварам, и ти ќе ги земеш; но и ти исполни ја желбата моја да доставуваш храна за мојот дом.“ 24И Хирам му даваше на Соломон кедрово дрво и кипарисово дрво, според желбата негова. 25А Соломон му даваше на Хирам дваесет илјади кори пченица за исхрана на неговиот дом и дваесет кори цедено маслиново масло, – толку Соломон му даваше на Хирам секоја година. 26Господ му даде на Соломон мудрост, како што му беше ветил. И меѓу Хирам и Соломон имаше мир, а склучија и сојуз меѓу себе. 27#9,15Цар Соломон наложи принудна работа во сиот Израел, а бројот на мажите што работеа принудно изнесуваше триесет илјади. 28Тој ги испраќаше во Ливан, по десет илјади на месец, на смени; еден месец престојуваа во Ливан, а два месеци – по домовите свои. Хадорам, пак, беше нивни управник. 29Соломон имаше уште седумдесет илјади мажи што го пренесуваа товарот, и осумдесет илјади каменоделци во планините, 30освен трите илјади и триста настојници што Соломон ги беше поставил над работата, да го надгледуваат народот што ги извршуваше работите. 31И царот заповеда да донесуваат големи камења за основата на храмот, камења делкани. 32Ги делкаа, пак, Соломонови работници и Хирамови работници и Гевлијци, и подготвуваа дрвја и камења за градење на храмот три години.
Селектирано:
1 Царевите 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006