1 Царевите 4
4
Соломоновите великодостоинственици и управители
1Царот Соломон беше цар над сиот Израел. 2И еве кои заземаа кај него високи должности: Азарија, син на свештеникот Садок; 3Елихореф и Ахија, синови на Сусаким – писари; Јосафат, Ахилудов син – летописец; 4Ванеја, Јехојадаевиот син, – началник на војската, Садок и Авијатар – свештеници; 5#2 Сам 15,37Азарија, Натановиот син, – началник на управителите, и Завуд, син на Натан, – свештеник и советник на царот; 6Ахишар, – управник на царскиот дом, а Хадорам, – син Авдин – на даноците. 7Соломон имаше дванаесет управници над сиот Израел, кои му доставуваа храна на царот и на неговиот дом; секој беше должен да доставува храна за по еден месец во годината. 8Еве ги имињата нивни: Бен-Хув – на Ефремовата Гора; 9Бен-Декер – во Макац и во Шаалевим, во Ветсамис, во Елон, во Бет-Ханан; 10Бен-Хесед – во Арубот; нему исто така му припаѓаше Сохо и целата земја Хеферова; 11Бен-Аминадав – над целата област Дор; а Тафат, Соломоновата ќерка, беше негова жена; 12Баана, Ахилудовиот син, во Танах и Мегидо, и во целиот Бет-Шан кој е близу до Царетан под Јизреел, од Бет-Шан до Авел-Мехола, и дури зад Јокмеам; 13#4 Мојс 32,41; 5 Мојс 3,14; Ис.Н. 13,30Бен-Гевер – во Рамот Галаадски; нему му припаѓаа селата на Јаир, Манасиев син, кои се во Галаад; нему му припаѓаше и областа Аргов, во Башан, шеесет големи градови со ѕидови и бакарни резиња; 14Ахинадав, Идов син, во Маханаим; 15Ахимаац, во земјата Нефталимова; тој си ја беше земал за жена Васемата, Соломонова ќерка; 16Баана, син на Хушај, во земјата Асирова и во Беалот; 17Јосафат, син на Паруах, во земјата Исахарова; 18Семеј, синот на Ила, во земјата Венијаминова; 19Гевер, Уриев син, во земјата галаадска, во земјата на аморејскиот цар Сихон, и на башанскиот цар Ог. Тој беше управник на таа земја.
Успех на Соломоновото владеење
20 #
1 Мојс 22,17
Јудејците и Израелците, бидејќи многубројни како песокот крај морето, јадеа, пиеја и се веселеа.
Селектирано:
1 Царевите 4: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006