Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 19

19
Илија очајува
1 # 18,40 И Ахав ѝ раскажа на Језавела сѐ што направи Илија, и како тој ги уби со меч сите пророци. 2А Језавела испрати известувач кај Илија да му каже: „Нека ми испратат боговите најтешка казна и нешто пове­ќе нека ми додадат, ако до утре во ова време не направам со твојата душа, она што беше направено со душата на секого од нив.“ 3Кога го виде тоа, Илија стана и за­мина за да го спаси животот свој, и дојде во Вирсавија, која е во Јудеја, и таму го остави слугата свој, 4#2 Мојс 32,32; 4 Мојс 11,15; Јона 4,3а самиот тој отиде во пустината на еден ден пат и, откако дојде, седна под едно иглолисно дрво и посакуваше да умре, велејќи: „Доста е веќе, Господи, прибери ја душата моја, бидејќи јас не сум подобар од предците свои.“ 5И легна, та заспа под дрвото. И ете, ангел го допре и му рече: „Стани, јади.“ 6Илија погледна, и, ете, до возглавницата негова стои печена питка и стомна вода. Тој касна, пивна и пак заспа. 7Ангелот Господов се врати повторно, се допре до него и рече: „Стани, јади, бидејќи те чека долг пат.“ 8Тој стана, касна и пивна и, откако се поткрепи со таа храна, одеше четирие­сет дена и четириесет ноќи до Божјата гора Хорив.
Повторно ободрен од Господ
9И влезе таму во една пештера и но­ќеваше во неа. И, ете, би кон него слово Господово, и Господ му рече: „Зошто си овде Илија?“ 10#Рим 11,3Тој одговори: „Пламнав од ревност за Господ, Бог Саваот, зашто Израе­ловите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас ос­танав, но и мојата душа сакаат да ја земат.“ 11#2 Мојс 14,21; Ис 29,6; Мт; 27,51-54; 28,2; Дела 2,2Тогаш Бог му рече: „Излези и застани на гората пред лицето Господово; и, ете, Господ ќе мине, и голем и силен ветар кој ридови урива и соборува карпи пред Господ; но не е Господ во ветрот; по ветер – земјотрес, но не е Господ во земјотресот; 12#2 Мојс 3,2-3; Ис 33,14; Дела 2,3по земјотресот – оган, но не е Гос­под во огнот; по огнот – здив од тих ветар, и таму е Господ.“ 13#2 Мојс 3,6; 33,20-23; Ис 6,2Кога го чу тоа, Илија си го сокри лицето со својот кожув, излезе и застана пред влезот во пештерата. И кон него се слушна глас, кој му рече: „Зо­што си тука, Илија?“ 14Тој одговори: „Пламнав од ревност за Господ, Бог Саваот, зашто Израе­ловите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас ос­танав, но и мојата душа сакаат да ја земат.“ 15А Господ му рече: „Врати се по патот свој преку пустината во Дамаск и, кога ќе стигнеш, помазај го Азаил за арамејски цар, 16а Јуј, синот на Нимшиј, помазај го за цар над Израел; Елисеј, пак, синот на Шафат, од Авел-Мехола, помазај го за пророк наместо себе; 17зашто кој ќе избега од Азаиловиот меч, него ќе го убие Јуј, а кој ќе се избави од мечот на Јуј, него ќе го убие Елисеј. 18#Ис 6,13; 10,20-22; Рим 11,4Но сепак оставив меѓу Израелците седум илјади мажи; сите тие не ги свиткувале колената пред Ваал, и устите нивни не го бакнувале.“
Илија го повикува Елисеј за свој наследник
19 # 2 Цар 2,13-14 И тој тргна оттаму и го најде Ша­фатовиот син Елисеј, кога ораше; дванаесет рала волови имаше тој пред себе, а самиот тој ораше со дванаесеттото. Минувајќи крај него, Илија го фрли кожувот врз него. 20#Лк 9,61Тогаш Елисеј ги остави воловите и почна да трча по Илија и рече: „Доз­воли ми да ги бакнам татко ми и мајка ми, и ќе тргнам по тебе.“ Тој му одго­вори: „Оди и врати се, зашто, што сум ти направил?“ 21Тој се врати од него, зеде рало во­лови, ги закла и, откако го запали плугот на воловите, го испече месото нивно и им го раздели на луѓето, и тие јадеа. А самиот тој стана и тргна по Илија и почна да му служи.

Селектирано:

1 Царевите 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се