1
1 Царевите 19:12
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
по земјотресот – оган, но не е Господ во огнот; по огнот – здив од тих ветар, и таму е Господ.“
Спореди
Истражи 1 Царевите 19:12
2
1 Царевите 19:4
а самиот тој отиде во пустината на еден ден пат и, откако дојде, седна под едно иглолисно дрво и посакуваше да умре, велејќи: „Доста е веќе, Господи, прибери ја душата моја, бидејќи јас не сум подобар од предците свои.“
Истражи 1 Царевите 19:4
3
1 Царевите 19:11
Тогаш Бог му рече: „Излези и застани на гората пред лицето Господово; и, ете, Господ ќе мине, и голем и силен ветар кој ридови урива и соборува карпи пред Господ; но не е Господ во ветрот; по ветер – земјотрес, но не е Господ во земјотресот
Истражи 1 Царевите 19:11
4
1 Царевите 19:13
Кога го чу тоа, Илија си го сокри лицето со својот кожув, излезе и застана пред влезот во пештерата. И кон него се слушна глас, кој му рече: „Зошто си тука, Илија?“
Истражи 1 Царевите 19:13
5
1 Царевите 19:9
И влезе таму во една пештера и ноќеваше во неа. И, ете, би кон него слово Господово, и Господ му рече: „Зошто си овде Илија?“
Истражи 1 Царевите 19:9
6
1 Царевите 19:8
Тој стана, касна и пивна и, откако се поткрепи со таа храна, одеше четириесет дена и четириесет ноќи до Божјата гора Хорив.
Истражи 1 Царевите 19:8
7
1 Царевите 19:5
И легна, та заспа под дрвото. И ете, ангел го допре и му рече: „Стани, јади.“
Истражи 1 Царевите 19:5
8
1 Царевите 19:7
Ангелот Господов се врати повторно, се допре до него и рече: „Стани, јади, бидејќи те чека долг пат.“
Истражи 1 Царевите 19:7
9
1 Царевите 19:10
Тој одговори: „Пламнав од ревност за Господ, Бог Саваот, зашто Израеловите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа сакаат да ја земат.“
Истражи 1 Царевите 19:10
10
1 Царевите 19:6
Илија погледна, и, ете, до возглавницата негова стои печена питка и стомна вода. Тој касна, пивна и пак заспа.
Истражи 1 Царевите 19:6
11
1 Царевите 19:2
А Језавела испрати известувач кај Илија да му каже: „Нека ми испратат боговите најтешка казна и нешто повеќе нека ми додадат, ако до утре во ова време не направам со твојата душа, она што беше направено со душата на секого од нив.“
Истражи 1 Царевите 19:2
12
1 Царевите 19:18
Но сепак оставив меѓу Израелците седум илјади мажи; сите тие не ги свиткувале колената пред Ваал, и устите нивни не го бакнувале.“
Истражи 1 Царевите 19:18
13
1 Царевите 19:19
И тој тргна оттаму и го најде Шафатовиот син Елисеј, кога ораше; дванаесет рала волови имаше тој пред себе, а самиот тој ораше со дванаесеттото. Минувајќи крај него, Илија го фрли кожувот врз него.
Истражи 1 Царевите 19:19
14
1 Царевите 19:21
Тој се врати од него, зеде рало волови, ги закла и, откако го запали плугот на воловите, го испече месото нивно и им го раздели на луѓето, и тие јадеа. А самиот тој стана и тргна по Илија и почна да му служи.
Истражи 1 Царевите 19:21
15
1 Царевите 19:20
Тогаш Елисеј ги остави воловите и почна да трча по Илија и рече: „Дозволи ми да ги бакнам татко ми и мајка ми, и ќе тргнам по тебе.“ Тој му одговори: „Оди и врати се, зашто, што сум ти направил?“
Истражи 1 Царевите 19:20
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа