Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 17

17
Пророкот Илија најавува суша
1 # Мал 3,23; Мт 11,14; Јк 5,17; Откр 11,6 И пророкот Илија, тишбеец од галаадските жители, му рече на Ахав: „Се колнам во живиот Господ, Бог Израелов, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор.“ 2И потоа словото Господово дојде до Илија и му рече: 3„Тргни се оттука, сврти се кон исток и сокриј се кај потокот Керит, кој е спроти Јордан; 4од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму.“ 5И тој замина и постапи според сло­вото Господово; отиде и остана кај по­токот Керит, кој е спроти Јордан. 6#2 Мојс 16,8.12И гавраните му носеа леб и месо на­утро, леб и месо навечер; а пиеше од потокот.
Илија кај вдовицата во Сарепта
7По извесно време потокот пресуши, бидејќи немаше дожд по целата земја. 8Тогаш Господ му рече: 9#2 Цар 4,1-7; Лк 4,25-26„Стани, оди во Сарепта кај Сидон и остани таму. Јас ѝ заповедав таму на една жена вдовица да те храни.“ 10И стана тој, па отиде во Сарепта. Кога дојде кај градските порти, ете, таму една вдовица жена собира дрва. Тој ѝ се обрати и ѝ рече: „Донеси ми малку вода во сад да пијам!“ 11Таа отиде за да земе, а тој повика по неа и рече: „Донеси ми в раце и парче леб!“ 12Таа му одговори: „Ти се колнам во живиот Господ, нема ништо печено, туку имам само грст брашно во ноќвите и малку масло во масларникот; и, ете, јас ќе соберам две – три дрвца, ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себе и за синот свој; ќе го изедеме тоа и ќе умреме.“ 13А Илија ѝ рече: „Не плаши се; оди и направи го она што го рече; но најнапред направи од тоа мала пресна пит­ка за мене и донеси ми; а за себе и за синот свој ќе направиш после; 14зашто вака вели Господ, Бог Израе­лов: ‚брашното во ноќвите нема да сврши, и маслото во масларникот, нема да се намали до оној ден, во кој Господ ќе даде дожд на земјата.‘“ 15Таа отиде и направи така, како што ѝ рече Илија и таа се хранеше, и тој и синот нејзин извесно време. 16Брашното во ноќвите не се свршу­ваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господ што Тој го изрече преку Илија.
Илија го оживува синот на вдовицата
17 # 2 Цар 4,8-37 Потоа се разболе синот на таа же­на, на домаќинката, и болеста негова беше толку силна што не можеше да дише. 18Тогаш таа му рече на Илија: „Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гре­вови и да го умреш синот мој.“ 19А тој ѝ одговори: „Дај ми го синот твој.“ И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што жи­вееше и го положи на леглото свое; 20па повика кон Господ и рече: „Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, кај која живеам, ќе ѝ направиш зло, погубувајќи ѝ го синот нејзин?“ 21И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господ и рече: „Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него!“ 22И Господ го слушна гласот на Или­ја, му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе. 23Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, ѝ го предаде на мајка му и рече: „Еве, син ти е жив!“ 24Тогаш жената му рече на Илија: „Сега навистина дознав дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинско.“

Селектирано:

1 Царевите 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се