Амвриевиот син Ахав стана цар над Израел во триесет и осмата година од владеењето на царот Аса над Јудеја, и Амвриевиот син Ахав царуваше во Самарија над Израел дваесет и две години. И Амвриевиот син Ахав правеше зло пред очите на Господ повеќе од сите свои претходници. Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, туку си ја зеде за жена Језавела, ќерката на сидонскиот цар Етбаал, и почна да му служи на Ваал и да му се поклонува; и му подигна на Ваал жртвеник во Вааловото светилиште што го беше изградил во Самарија. Ахав подигна и Ашера, а направи и други злодела, со кои Го разгневи Господ, Бог Израелов, повеќе од сите претходни израелски цареви. Во негово време Хиел од Ветил го изгради Ерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите негови и врз најмалиот син Сегув ги постави портите негови, според словото на Господ што Тој го беше изрекол преку Навиновиот син Исус.
Прочитај 1 Царевите 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Царевите 16:29-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа