Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 12:16-20

1 Царевите 12:16-20 MK2006

И сите Израелци видоа дека царот не ги послуша. Тогаш луѓето му одго­ворија на царот и рекоа: „Каков дел имаме кај Давид? За нас нема дел кај синот на Јесеј; по шаторите свои, Израеле! Гледај си го својот дом, Дави­де!“ И Израел се разотиде по шаторите свои. Ровоам царуваше само над Израе­ловите синови што живееја во Јудините градови. И царот Ровоам го испрати Хадорам, управникот над даноците; но сите Израелци го затрупаа со камења, и тој умре, а царот Ровоам брзо се качи во кола за да избега во Ерусалим. И така Израел се одметна од Дави­довиот дом и до денес. Кога сите Израелци слушнаа дека Јеровоам се вратил, испратија и го по­викаа во собранието и го зацарија над сите Израелци. Со Давидовиот дом не остана никој, освен племето Јудино.