1 Царевите 12:16-20
1 Царевите 12:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И сите Израелци видоа дека царот не ги послуша. Тогаш луѓето му одговорија на царот и рекоа: „Каков дел имаме кај Давид? За нас нема дел кај синот на Јесеј; по шаторите свои, Израеле! Гледај си го својот дом, Давиде!“ И Израел се разотиде по шаторите свои. Ровоам царуваше само над Израеловите синови што живееја во Јудините градови. И царот Ровоам го испрати Хадорам, управникот над даноците; но сите Израелци го затрупаа со камења, и тој умре, а царот Ровоам брзо се качи во кола за да избега во Ерусалим. И така Израел се одметна од Давидовиот дом и до денес. Кога сите Израелци слушнаа дека Јеровоам се вратил, испратија и го повикаа во собранието и го зацарија над сите Израелци. Со Давидовиот дом не остана никој, освен племето Јудино.
1 Царевите 12:16-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Израелците видоа дека царот се прави дека не слуша, народот му одговори: „Каков дел имаме ние со Давида? Ние немаме наследство со Јесеевиот син. Во шаторите, Израелу! А сега, Давиде, грижи се за својот дом!“ И сиот Израел си отиде под своите шатори. Ровоам завладеа само над Израелевите синови, кои живееја по јудејските градови. Потоа царот Ровоам го испрати Адорама, настојникот за данок, ама Израелците го каменуваа, и тој умре; а царот Ровоам бргу се качи во колата и избега во Ерусалим. Така Израел се оддели од Давидовиот дом сѐ до денес. Кога Израелците научија дека се вратил Јевровоам, го повикаа во заедницата и го поставија за цар над сиот Израел. Давидовата куќа не ја следеше никој освен самото Јудино племе.