Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 5:1-21

1 Јован 5:1-21 MK2006

Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го љуби Оној Кој родил, Го љуби и Оној, родениот од Него. По ова знаеме дека ги љубиме че­да­та Божји, кога Го љубиме Бога и ги из­вршуваме Неговите заповеди. Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки. Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша. Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји? Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина. Зашто Тројца се, Кои сведочат (на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно. И Тројца се, Кои сведочат на земјата:) духот, водата и крвта; и тие три се во едно. Ако го примаме човечкото све­доштво, Божјото сведоштво е по­го­лемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син. Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син. А сведоштвото е тоа дека Бог ни да­рувал живот вечен; и тој живот е во Не­говиот Син. Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот. Ова ви го напишав вам, кои верува­те во името на Синот Божји, за да зна­­­ете дека имате живот вечен и да верува­те во името на Синот Божји. И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нѐ услишува. А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе до­би­еме, што и да сме побарале од Него. Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што не греши за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли. Секоја неправда е грев, но има грев што не е за смрт. Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него. Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло. Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пре­биваме во вистинскиот Бог – Не­говиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и живот вечен. Чеда, пазете се од идолите. Амин!