1 Јован 5:1-21
1 Јован 5:1-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го љуби Оној Кој родил, Го љуби и Оној, родениот од Него. По ова знаеме дека ги љубиме чедата Божји, кога Го љубиме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди. Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки. Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша. Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји? Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина. Зашто Тројца се, Кои сведочат (на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно. И Тројца се, Кои сведочат на земјата:) духот, водата и крвта; и тие три се во едно. Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син. Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, зашто не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син. А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји. И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нѐ услишува. А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него. Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што не греши за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли. Секоја неправда е грев, но има грев што не е за смрт. Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него. Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло. Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и живот вечен. Чеда, пазете се од идолите. Амин!
1 Јован 5:1-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Секој што верува дека Исус е Месијата, е препородено Божјо чедо. Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите чеда. По што знаеме дека ги сакаме Божјите чеда? По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди. Да Го сакаме Бога значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме. Секој што е препородено Божјо чедо може да надвладее против светот. Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос. Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!? Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот. Не само преку вода, туку преку вода и крв. Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува. Значи постојат тројца сведоци: Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат. Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син. Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син. Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син. Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот. Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот. Заради тоа ние имаме доверба во Бог и знаеме дека кога молиме нешто што е во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го исполни. Знаеме дека кога се молиме Тој не слуша и сигурни сме дека на нашите молитви ќе добиеме одговор. Ако некој од вас гледа дека некој христијанин прави грев што не е за смрт, нека се помоли и Бог ќе му даде живот на оној што згрешил. Ова се однесува на гревови што не се смртоносни. Постои и смртоносен грев и јас не велам дека треба да се молите за оние што го извршиле тој грев. Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен. Знаеме дека ниедно Божјо чедо не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син го чува и Ѓаволот не може да допре до него. Ние, христијаните, знаеме дека потекнуваме од Бог, а световните луѓе се под власта на Ѓаволот. Знаеме и дека Божјиот Син дојде и ни даде разум за да Го препознаеме вистинскиот Бог. Затоа ние сме во единство со вистинскиот Бог и со Неговиот Син, Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог, Тој е вечниот живот. Чеда Божји, чувајте се од идоли!
1 Јован 5:1-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го љуби Оној Кој родил, Го љуби и Оној, родениот од Него. По ова знаеме дека ги љубиме чедата Божји, кога Го љубиме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди. Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки. Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша. Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји? Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина. Зашто Тројца се, Кои сведочат (на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно. И Тројца се, Кои сведочат на земјата:) духот, водата и крвта; и тие три се во едно. Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син. Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, зашто не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син. А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји. И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нѐ услишува. А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него. Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што не греши за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли. Секоја неправда е грев, но има грев што не е за смрт. Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него. Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло. Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и живот вечен. Чеда, пазете се од идолите. Амин!
1 Јован 5:1-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Секој, кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бога; секој, кој го љуби Родителот, го љуби и оној, кој е роден од Него. По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди. Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки, зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера. Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син? Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв, Исус Христос; не само со водата, туку со водата и со крвта; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината. (Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно). И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта, и овие три се согласни. Ако го примаме сведоштвото на луѓето, Божјото сведоштво е поголемо. А ова е Божјото сведоштво, дека сведочеше за Својот Син. Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син. И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син. И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нѐ слуша ако просиме нешто по Неговата волја. И кога знаеме дека нѐ слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него. Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли. Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт. Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него. Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот. Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот. Дечиња, пазете се од идолите. Амин!