Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 4:7-21

1 Јован 4:7-21 MK2006

Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога, и секој, кој љуби, е роден од Бога и Го познава Бога; кој не љуби, тој не Го познал Бога, зашто Бог е љубов. Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Сво­јот Единороден Син за да живееме пре­ку Него. Во тоа се состои љубовта, што не ние Го возљубивме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Синот Свој за да ги очисти гревовите наши. Возљубени, кога така нѐ возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љу­биме еден со друг. Бога никој никогаш не Го видел. Ако се љубиме еден со друг, Бог пребива во нас и љубовта Негова е совршена во нас. Дека ние пребиваме во Него и Тој во нас, знаеме по тоа што ни дал од Својот Дух. И ние видовме и сведочиме дека Отецот Го испрати Синот како Спа­си­тел на светот. Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог, и тој – во Бога. И ние ја познавме љубовта, која Бог ја има кон нас; и поверувавме во тоа дека е Бог љубов, и дека оној, кој пребива во љубовта, пребива во Бога, и Бог – во него. Љубовта во нас се усовршува затоа за да имаме смелост на судниот ден; бидејќи, како што е Тој, така сме и ние во овој свет. Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта. Ние Го љубиме, бидејќи Тој от­пр­вин нѐ возљуби. Ако некој рече: „Го љубам Бога“ а го мрази својот брат, тој е лажливец: зашто, кој не го љуби својот брат, кого го видел, како може да Го љуби Бога, Кого не го видел? И таа заповед ја имаме од Него: кој Го љуби Бога, да го љуби и братот свој.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Јован 4:7-21

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност