Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 2:18-27

1 Јован 2:18-27 MK2006

Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека ќе дојде Антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час. Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши. А вие имате помазание од Светиот, и сите тоа го знаете. Не ви пишав дека не ја знаете вис­тината, туку затоа што ја знаете и затоа што знаете дека ниедна лага не доаѓа од вистината. Кој е лажливец, ако не оној, што порекнува дека Исус е Христос? Анти­христ е тој што Ги порекнува Отецот и Синот. Секој што Го порекнува Синот, Го нема ниту Отецот; а кој Го признава Синот, Го има и Отецот. И така, сѐ што чувте во почетокот, тоа и нека остане кај вас; ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот. А ова е ветувањето што ни го вети Тој: вечниот живот. Тоа ви го пишав поради оние што ве мамат. А вие, помазанието што го при­мив­те од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.